Новости и соопштенија


Денови на Акции за климата- средба со новинари


(15.11.2013г) Во рамките на кампањата „Климата се менува, Прилагоди се! - Денови на Акции за климата, која деновиве се спроведува во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП, денеска, министерот за животна средина Абдилаќим Адеми одржа тематски брифинг за новинари.

При тоа новинарите беа информирани за  престојното учество на македонската делегација на 19–от состанок на Страните на Рамковната Конвенција за климатски промени на ОН (COP 19) кој се одржува во Варшава, во периодот од 11-22 ноември 2013г., како средба на највисоко ниво,  а со цел да се презентираат досегашните резултати и да се трасираат правците за понатамошно движење на меѓународната заедница во справувањето со климатските промени.

Министерот Адеми, направи кус информативен преглед и  на состојбите со климатските промени на светско и на национално ниво, како и нашите очекувања и можни обврски кон глобалната заедница и кон ЕУ.

На средбата со новинарите присуствуваа и национално одговорното лице кон Конвенцијата, Теодора Обрадовиќ Гранчаровска, како и претставници на Програмата за развоја на Обединетите нации во Македонија, (УНДП)  кои се  најстари и долгогодишни партнери на Министерството во градењето на политиките поврзани со климатските промени.

Со зборовите „Токму во вас, во медиумите, гледаме партнери во заедничките напори за правилно адресирање на прашањето за климатските промени и промената на свеста дека тие не се само трошок и губиток на Планетата, туку се и предизвик и можност за акции и инвестиции“ министерот Адеми ја истакна улогата но и општествената одговорност на седмата сила во правилното дефинирање, толкување, делување и адаптирање кон последиците од климатските промени во државата.

На брифингот, Анита Коџоман раководител на одделот за животна средина и енергија во УНДП, Канцеларија во Македонија сподели интересни информации за можностите за искористување на климатските промени за воведување на нови технологии кои помалку загадуваат,  за можностите за заштеди од државниот и локалните буџети со инвестирање во превенција и адаптација, како и за улогата на знаењето и иновациите во справувањето со климатските промени. 





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен