Новости и соопштенија


ОН: Климатските промени повеќе не се далечна закана


Климатските промени повеќе не се закана што може да се спречи. Тие веќе предизвикаа проблеми со снабдувањето со храна и сега се закануваат да предизвикаат и војни, а владите не се подготвени да ги заштитат оние кои се изложени на најголем ризик, предупредуваат експерти на Обединетите нации.

Во извештајот на Меѓувладиниот панел за климатските промени (IPCC), објавен во Јокохама, Јапонија, се наведува дека влијанието на климатските промени веќе се чувствува, но дека негативните последици ќе бидат уште поголеми со секое зголемување на температурата.

Според извештајот, ќе дојде до проблеми со снабдувањето со храна поради намалениот род на пченица, ориз и пченка. Промените во температурата ќе ја зголемат цената на храната од 3 до 84 проценти до 2050 година. Истовремено, промената на климата ќе ги засили постоечките здравствени тегоби, а се повеќе луѓе ќе умираат поради високите температури, лошата исхрана и разни болести.

Експертите на ОН оценуваат дека порастот на температурата може да придонесе до поголем ризик од воени судири поради зголемување на сиромаштијата.

Во извештајот се напоменува дека северна Европа ќе биде најзагрозена од поплави, високи температури и суши.

ОН повикуваат на намалување на емисијата на штетните гасови и помош на ранливите групи за полесно да се прилагодат на неизбежните климатски промени.

Експертите предвидуваат пораст на температурата од 0.3 до 4.8 степени Целзиусови и пораст на нивото на океаните од 26 до 82 сантиметри до 2100 година.

Последниот извештај на IPCC беше објавен во 2007 година.





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен