Новости и соопштенија


Ден на планетата Земја 2014


Во светот денеска со низа манифестација се одбележува Денот на планетата Земја - 22 Април. По тој повод ОН ќе се обидат да мобилизираат милиони луѓе да создадат одржлива, здрава природна средина со озеленување на градовите ширум светот.

- Повеќе од половина од светското население живее во градовите, бидејќи бројот на жителите во урбаните средини се зголемува, а последиците од климатските промени се влошуваат, нашите градови мора да еволуираат, се вели во пораката од свеската организација.
Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.
ОН во наредните две години организираат кампања „Зелени градови“, што треба да прерасне во глобално движење.
- Воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и земјата од која расте нашата храна е дел од деликатниот глобален еко систем кој се повеќе е под притисок на човекчките активности.
Од уништување на тропските шуми до намалување на рибите во океаните, од недостиг на вода за пиење до забрзаното намалување на растителниот и животинскиот свет, како и загадувањето на воздухот и морињата – се е тоа дело на човечките раце, вели генералниот секретар Бан Ки-Мун по повод Денот на планетата Земја.
Според него мора да се стави крај на брзото трошење на ресурсите на нашата планета и поради тоа е неопходно луѓето да го сменат однесувањето.





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен