Новости и соопштенија


Регионална конференција за адаптација кон климатските промени, 2-3.07.2014, х. Александар Палас, Скопје


На 2-3 јули 2014 г. во х. Аледсандар Палас, во Скопје со почеток во 9:30 ч., во рамките на ECRAN мрежата, ќе одржи „Првата регионална конференција и семинар за адаптација на климатските промени“.

Во воведниот дел свое обраќање ќе имаат министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Аиво Орав и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Конференцијата ќе даде можност за размена на знаења и искуства во адаптацијата кон климатските промени и за зајакнување на соработката и развој на националните и регионалните институции одговорни за справување со климатските промени на земјите од ЕКРАН мрежата.


http://www.ecranetwork.org/Events/21





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен