Новости и соопштенија


Скопје домаќин на Регионална конференција за адаптација кон климатските промени - Да се инвестира или да се плати цената


(02.07.2014г)Потребата да се сподели искуство и научени лекции, како и потребата од координирање на заеднички активности во правец на предвидување и прилагодување кон можните климатски промени во Регионот е причината за одржување на „Првата регионална конференција и семинар за адаптација кон климатските промени“ што денес и утре се одржува во х. Александар Палас, во Скопје

Имено, согласно последниот извештај на Меѓувладниот панел за климатски промени на УНЕП, земјите од Западен Балкан и Турција (членки на ЕКРАН мрежата) се високо ранливи на климатските промени и постои голема веројатност интензивно да ги почуствуваат ефектите од зголемените температури, пореметувања во режими на врнежи, заедно со повеќе екстремни настани, вклучувајќи ги и суши, поплави, топлотни бранови, силни и разорни ветрови и шумски пожари. Сето ова бара координирани, превентивни активности на национално, регионално и глобално ниво, вклучувајќи ја и поддршката што Европската Унија ја дава на Регионот.

Поздравувајќи ја идејата да се презентираат и дискутираат акции за адаптација кон климатските промени во земјите на регионот, потоа регионалните пристапи и искуства, како и можностите за соработка, министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири во своето обраќање истакна: „Кон глобално зададената цел, насочени се и тековните активности на нашата држава. Работиме на анализа на различни сценарија, а резултатите ќе бидат преточени во политички документ што ќе го усвои Владата на РМ пред Самитот  во Париз во 2015 г.  Предлог-мерките и акциите кои дополнително ќе произлезат, ќе бидат усогласени со целите на идната Стратегија за енергетика, со што ќе одговориме на препораката од последниот извештај на ЕУ за усогласување на нашите политики со пакетот на ЕУ за енергија и клима 2030 “.

 

Евроабасдорот Аиво Орав во своето обраќање нагласи дека Европската унија и понатаму е подготвена да ги поддржува активностите не само на Македонија, туку и на другите земји во регионот  во правец на усогласувањето на националното со законодавство на ЕУ во областа климатски промени, како и во правец на градењето на капацитетите за спроведување законодавството кое во оваа област е многу амбициозно.

Зборувајќи за иницитаивите и активностите на  локално ниво, градоначалникот на Град Скопје, пред присутните, ги презентираше тековните акции и плановите за идните активности  со кои Градот Скопје ќе го заслужи епитетот „зелен град“. 





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен