Новости и соопштенија


Климатски промени во Македонија – потенцијал за намалување на емисиите и приоритизација на предлог мерки


Денес во ЕРА Сити во Скопје во рамките на проектот “Прв Двогодишен ревидиран извештај за климатски промени (FBUR)”, Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП во соработка со Македонската академиjа на науки и уметности организираа работилница на тема „ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И НИВНА ПРИОРИТИЗАЦИЈА“.

Целта на работилницата беше да се приоритизираат мерките за ублажување на климатските промени во согласност со тековните и планираните развојни планови на национално и секторско ниво (енергетика, транспорт, индустрија, отпад, земјоделство, домаќинства, комерцијален сектор).

Мерките се идентификувани од тим на реномирани национални и интернационални консултанти, во блиска соработка со соодветни тела/институции во државата и се групирани во три сценарија: сценарио со постоечки мерки - планирани во постоечките стратешки документи, сценарио со дополнителни мерки - кое се креира со цел да се добие увид до каде може да се оди со ублажувањето и по која цена, сценарио без мерки - во кое се поаѓа од претпоставката дека не се превземени мерки за ублажување на климатските промени и служи како референтно сценарио за идентификување на постигнатите намалувања од другите сценарија.

 

Предложените критериуми за приоритизација, според кои беа оценувани мерките на денешната работилница вклучуваат:

  • Влијание на животната средина
  • Економска ефикасност
  • Физибилити (одржливост, оправданост)
  • Мерливост на намалувањата на емисиите на стакленички
  • Дополнителни придобивки (здравство, приход, нови работни места, квалитет на живот, потенцијал за економски развој)

Резултатите од работилницата ќе бидат вклучени во Првиот двогодишен ревидиран извештај за климатски промени, и ќе претставуваат основна поддршка за мудро креирање на националната политика за климатски промени и ќе ја зајакнат позицијата на Република Македонија во меѓународните преговори за климатски промени, но и на ниво на Европа.

Како што тековните меѓународни преговори за климатски промени се приближуваат во одлучувачката фаза (21-та Конференција на страните на Конвенцијата за климатски промени, декември 2015), станува сè поверојатно дека за прв пат сите нации ќе се обврзат со универзален договор за климата, кој ќе содржи обврски за сите земји, како за развиените, така и за земјите во развој.

 

Адекватното знаење е клучно за земјите во развој да можат да ги постават своите придонеси во глобалното намалување на емисиите на стакленички гасови (ублажување на климатските промени) во склад со нивните национални околности.

 

За таа цел, Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на ОН (УНДП) континуирано работат на зајакнување на националните капацитети за проценување на потенцијалот за ублажување на климатските промени.

 

Работилницата е дел од серијата на работилници кои во рамките на проектот Прв двогодишен ревидиран извештај за климатски промени оваа година се организираа во соработка со Македонската Академија за науки и уметности токму на оваа проблематика.

 

Во меѓувреме, мудар избор на соодветни акции и мерки ќе резултира во креирање на нови економски сектори, зголемување на вработувањата, намалување на здравствените трошоци, олеснување на трошоците за адаптација и сл.





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен