Новости и соопштенија


Промовирана нова мобилна апликација „Патувај зелено“


Во текот на Европската недела на мобилност 2014 уште една убава работа му се случи на Скопје и на Македонија. Имено, блиската соработка меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Факултетот за компјутерски науки и инжинерство (ФИНКИ) резултираше во нова, иновативна, мобилна апликација – Патувај Зелено, која денеска /19.09.2014 година/ беше свечено најавена од страна на Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје, Нурхан Изаири, министер за животна средина и просторно планирање, Луиза Винтон, постојан претставник на УНДП во Македонија и Димитар Трајанов, декан на ФИНКИ.

Aпликацијата им овозможува на граѓаните и посетителите на Скопје да ги добијат сите потребни информации за да го испланираат своето патување до различни дестинации во градот на најбрз, најевтин и „најзелен“ начин. Податоците за емисиите на јаглероддиоксид се тие што всушност им помагаат на патниците да го направат „најзелениот“ избор.

Популарна, иновативна и напредна. Аликацијата овозможува Скопје и Македонија да се доближат до Европа и до светот бидејќи го користи Google Transit, дел од Google Maps – кој им овозможува на корисниците да ги планираат патувањата во градот со јавниот транспорт, со тоа што дава насоки за најблиските автобуски станици и најпогодните линии.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, изјави: „Со оваа апликација, Скопје станува првиот град во поширокиот регион на Балканот кој го инкорпорирал својот распоред на јавен транспорт со веб-сервисот на Google – оваа апликација ќе им овозможи на граѓаните и на туристите многу полесно да се движат низ градот”, и додаде дека Град Скопје постојано работи на подобрување на сообраќајната инфраструктура, обновување на клучните улици и булевари и градење на повеќе велосипедски патеки.

 

„Патувај Зелено“ не само што ги информира корисниците за распоредот на автобусите, места каде што може да се изнајмат велосипеди и соодветни паркинг-локации, туку исто така дава и информација во реално време за метежот во сообраќајот и загадувањето на воздухот. Овие податоци се достапни благодарејќи на сензорите кои се поставени на главните раскрсници во градот.


Постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон ја пофали иновативната употреба на „големи податочни бази”. „Овој проект покажува дека климатските решенија засновани врз анализи и податоци можат да помoгнат секаде во светот и дека лидерите од сите сектори можат да работат заедно за да изградат побезбедна, поздрава и позелена иднина”.

„Апликацијата е одличен спој меѓу модерната технологија и транспортниот систем" вели Деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов. „Оваа корисна интерактивна апликација овозможува граѓаните да бидат подобро информирани кога избираат начин и средство за патување. Од друга страна истата лесно би можела да се реплицира и во другите градови низ Македонија”.

Проектот беше избран како еден од 7-те најдобри проекти на глобален натпревар за иновации на Обединетите нации кој имаше за цел да ги прикаже можностите за користење на големи податочни бази во борбата против климатските промени.

Исто така,  апликацијата  ќе биде претставена на претставници од влади и јавен и приватен сектор за време на серијата настани поврзани со Климатскиот Самит на Обединетите нации, кој ќе се одржи во Њујорк на 23 септември.





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен