Новости и соопштенија


Темелковски: живееме во еден од најчувствителните региони на влијанијата на промените на климата


Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, се обрати на отварањето на работилницата “Адаптација кон климатските промени”, која, во организација на Светскиот фонд за природа (WWF), денес и утре се одржува во хотел „Њу Стар“, во Визбегово, во Скопје.

Истакнувајќи дека зачестените поплави и екстремните временски случувања претставуваат доказ за чувствителноста и ранливоста на овој регион од глобалното затоплување, заменик министерот Темелковски потенцираше дека голем дел од тековните активности на нашата држава се насочени кон постигнувањето на глобално зададената цел - сите држави да се движат кон т.н ниско-емисиони или т.н. „зелени“ економии и да ги поднесат своите т.н. контрибуции за постигнување на оваа цел до крајот на 2015 година на Светскиот Самит во Париз.

- Работиме на анализа на различни сценарија за изградба на „зелена“ економија и резултатите ќе бидат преточени во политички документ кој ќе го усвои Владата на РМ пред Самитот. Но, потребно е да истакнеме и дека нашите држави спаѓаат во еден од најчувствителните региони на влијанијата на промените на климата, така што предмет на нашите анализи се и секторите кои се најчувствителни на промените. Во нашите национални извештаи се идентификувани најранливите сектори (тоа се секторите водни ресурси, биолошка разновидност, земјоделие, шумарство, туризмот, културното наследство, здравјето на луѓето) и се предложени мерки за намалување на нивната ранливост. Но она што е клучно во адаптацијата кон климатските промени е вградувањето на прашањето на климатските промени во релевантните секторски стратешки, плански и програмски  документи како на национално ниво, така и во документите на регионално ниво – изјави заменик министерот Темелковски.

Работилница обезбеди екпертиза со широк спектар на знаења на учесниците за управување со катастрофи и адаптација кон климатските промени што е добар предуслов за квалитетна оценка на моменталната состојба и адресирање на приоритетни прашања од областа со цел заштита на природата и подобрување на националните системи за конзервација на природата и биолошката разновидност.

Работилницата е организирана во рамки на проектот ПАРКОВИТЕ НА ДИНАРСКАТА  ВЕРИГА кој има за цел создавање на платформа на заштитените подрачја која ги поврзува сите паркови на природата и националните паркови од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија.

Република Македонија во рамки на овој проект го потпиша документот “Big Win for Dinaric Arc” со што имаме учество во проектот.

Обраќање на заменик министерот





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен