Новости и соопштенија


Измислиле влошки за патики што ќе полнат мобилни телефони


Климатскиот камп „Од тебе зависи“ што се одржа неодамна имал цел да ги поттикне граѓаните да ги промовираат своите идеи за тоа како може да се намалат штетните влијанија на климатските промени во урбаните средини.

Тимот составен од студентите во втора година Александар Лазовски, Лорета Тодоровска, Николчо Ѓошев и Мартина Димоска освои прво место и награда од 10.000 долари на климатскиот камп „Од тебе зависи“ што се одржа од 17-ти до 19-ти овој месец. Овој настан имал цел да ги поттикне граѓаните да ги промовираат своите идеи за тоа како може да се намалат штетните влијанија на климатските промени во урбаните средини.
Мартина Димоска, студентка на Технолошко-металуршкиот факултет, која „Нова Македонија“ ја прогласи за личност на годината, и нејзиниот тим измислиле влошки за патики што можат да полнат батерии од мобилни телефони.

- Првично бев најмлад ментор на НАСА оваа година и ми победија четири тима, а менторирав вкупно 12. Последниов викендски климатски камп „Oд тебе зависи“ е камп што ги поттикнува научниците и граѓаните да создадат решенија за намалување на стакленичките гасови. Двата најдобри тима зедоа награда од 10.000 долари за да ја реализираат својата идеја во иднина. Измисливме влошки што работат со пиезо-дискови и генерираат енергија за да се наполнат апарати со УСБ-стандарди, како телефон. И не само тоа, може да се приклучи каков било аултет (приклучок) на нив. Пиезо-дисковите се материјали што при притисок вршат работа/енергија/електрицитет. Идејата за функционалноста на проектот беше моја - вели Мартина.

На прашањето зошто баш влошки, таа вели дека видела потенцијал во пиезо-дисковите.
- Едноставно си реков, зошто не би работело? Баш ме интересира дали физичарите можат да го докажат спротивното. Следам доста нови правци во науката. За ова имаше тестови, само се чекаше некој да го развие. И си реков, зошто да не сум тоа јас? - додава Мартина.
Инаку, второнаградениот тим ќе работи на вирални видеа и хумористични скечови. Дел од овој тим се Жарко Димитриоски, Владо Оцевски и Ѓорѓи Џамбазов, кои работеле под менторство на Бранко Огњановски.
Кампањата „Од тебе зависи“ е поддржана од канцеларијата на програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), шведската aмбасада, проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Извор: Нова Македонија





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен