Новости и соопштенија


Чевлите што ќе полнат мобилни телефони ги доведоа младите иноватори до наградата од USD 10 000 во натпреварот Климатски предизвик


Динамичен тим од четири студенти дојдоа до една од оние извонредни идеи за кои се чудиме „Како ова претходно на никого не му текнало?“ — уред кој штеди енергија и кој го користи секојдневното пешачење и трчање за создавање енергија која се користи за полнење мобилни телефони и таблет компјутери.

По месеци работа, тимот сега има одлична можност, оваа идеја да ја претвори во реалност – ја освоија наградата од 10 000 американски долари на натпреварот Климатски предизвик за иновативни решенија кои ги спречуваат и ублажуваат ефектите на климатските промени.

Најмладиот член на тимот, 19-годишната Лорета Тодоровска - студент по сметководство и економија —објаснува кое е образложението зад решението кое победи: „Како и на повеќето луѓе,” вели таа, „и јас честопати останувам со празен телефон - и уште почесто немам полнач со мене. Но никогаш не излегувам без патики. Така што почнав да размислувам колку би било добро доколку можам телефонот да го полнам преку патиките.”

Еден од останатите членови на тимот, Мартина Димовска – 21-годишна студентка по нано материјали и роботика - вели дека знаела дека идејата е одлична, но сепак многу се изненадила што ја освоиле наградата. „Конкуренцијата беше многу силна,” вели таа. “Бев многу изненадена кога ги видов сите други добри идеи кои беа дел од Климатскиот камп - финалната фаза каде имавме можност да работиме на нашите идеи со експертите за иновација. И покрај тоа, ние бевме најмлади од сите тимови, така што навистина бев изненадена што победивме.”

Климатскиот предизвик, кој беше организиран од УНДП со поддршка од Министерството за животната средина и просторно планирање, Амбасадата на Шведска, УСАИД, Милјеконтакт и Седиштето за социјални иновации, имаше цел да ги искористи талентите од земјата со тоа што ја покани јавноста да достави иновативни идеи за ублажување на климатските промени. Беа доставени околу 130 идеи и од нив 10 учествуваа во дводневниот Климатски камп.

Членовите на тимот кој победи, за предизвикот дознале од социјалните медиуми и одлучиле да учествуваат со цел да добијат совети и ресурси кои им се потребни за да изработат прототип од чевлите кои полнат мобилни телефони.

„До сега имаме работено заедно“, вели Александар Лазовски, 20 годишен студент по маркетинг и менаџмент, „и веќе учествувавме во неколку натпревари. Во јануари оваа година ја основавме невладината организација „Smart-Up“ за да им помогнеме на дипломците на информатика да добијат подобри можности за вработување со тоа што ќе ги развиваат своите вештини за маркетинг и комуникација. Парите од наградата и сето внимание од медиумите значи дека навистина имаме шанса ова да го искористиме и истовремено да промениме нешто и за животната средина.”

Со успехот доаѓа и одговорноста и тимот сега работи да ги исполни роковите за подготовка на прототипот. „Мора брзо да учиме!” вели 20-годишниот Николчо Гошев, студент по мрежни технологии. „Сите чекаат да видат што ќе правиме сега - нашите родители и пријатели, како и медиумите. Сево ова е одлично, но сепак сме под голем притисок. Главната работа е да останеме фокусирани и да ги запаметиме нашите заеднички цели и вредности - да почнеме со успехот на овој производ и да создадеме профитабилна компанија која ќе работи за доброто на планетата.”





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен