Новости и соопштенија


Енергетската ефикасност на зградите ќе отвори нови 6.000 зелени работни места до 2030 година


Со примена на политиките и мерките за ублажување на климатските промени се зголемува потенцијалот за создавање работни места. Поради тоа што се потребни инвестиции за реализација на политиките и мерките, било како енергетска ефикасност или нискојаглеродно снабдување со енергија, инвестицијата ќе има позитивно влијание на бруто националниот производ и на работните места

Направена е оценка на бројот на домашни работни места создадени како резултат на реализацијата на мерки за ублажување во областите енергетска ефикасност и снабдување со енергија во Република Македонија. Во оваа студија проценет е бројoт на работни места поврзани со мерки за енергетска ефикасност во секторот згради, пред сè заради највисокиот потенцијал за создавање работни места, особено домашни работни места. 
 
Најважната мерка во оваа група е поврзана со реновирање на згради која ќе го зголеми бројот на работни места во градежниот сектор и индустриите за градежни материјали. Од огромна важност е реновирањето на зградите да се одржува релативно константно, затоа што реновирањето на многу згради во една година и на многу малку згради следната година нема да донесе придобивки за локалната економија. Ова е резултат на тоа што на секторите им треба време  да се развиваат, па големи активности во една година би барале да се донесат компании и работна сила од надвор за да се задоволи пазарот.
 
Покрај тоа, во годините со згасната активност овој сектор ќе мора да исчезне. Според тоа, политиките и мерките мора да се смислат на начин што ќе обезбеди постојани или бавно растечки инвестиции. Севкупно, во Македонија, изградбата на нови куќи, на нов стандард за енергетска ефикасност и надградбата на стари згради може да отвори 4.500 нови работни места до 2030 година, приближно ист број како што е бројот на вработени во секторот рударство.
 
Мерката подобрувањето на осветлувањето  се однесува на згради, но исто така и на јавното осветлување. Преминот кон ЛЕД-осветлување, кое има многу повисока додадена вредност, ќе создаде работни места затоа што ќе се оформат нови продажни канали и иновативни инсталации. Се проценува дека со инвестиција од 1 милион долари во овој сектор ќе се создадт 5,1 директни работни места и 4,2 индиректни работни места.
 
Индиректните места се во индустрии и дејности кои ја снабдуваат конкретната индустрија со стоки и услуги. На пример, врз основа на набавките на производи од градежната индустрија може да се процени бројот на директни работни места во градежната индустрија како резултат на тие набавки, но и на индиректни  работни места создадени во индустријата за граѓа, хардвер, камионски превоз и друго.
 
Тие работни места ќе индуцираат дополнителни 3,7 работни места во други сектори. Сè вкупно 500 нови работни места може да бидат создадени до 2030 година.
 
Инвестициите во енергетска ефикасност во индустриите исто така тешко може да се проценат затоа што се многу специфични за секоја индустрија и секој процес.
 
Политиките и мерките во снабдувањето со енергија вклучуваат зголемување на ефикасноста на постојните енергетски постројки, премин кон нискојаглеродни фосилни горива и кон обновливи извори на енергија за производство на електрична енергија и топлина и биогорива за транспорт. 
 
Зголемувањето на ефикасноста на постојните енергетски постројки ќе создаде само мал број нови работни места во фазата на реконструкција, но на долг рок се очекува поголемо ниво на автоматизација, па не можат да се очекуваат многу нови работни места. Делумниот премин на производството на електрична енергија од јаглен на гас би создал нови 250 работни места во 2030 година.
 
Користењето на повеќе обновливи извори на енергија за производство на електрична енергија, особено фотоволтаичните системи, ветерот, биомасата, хидро-системите, геотермалните системи и постројките кои користат гас од отпадот ќе отворат околу 1.500 работни места во 2030 година, главно во фотоволтаичниот сектор, кој е прилично интензивен од аспект на потребна работна сила, особено ако на крововите се поставуваат мали системи.
 
Можеби е најдобро да се инсталираат на крововите мали, 2 kW системи по домаќинство, затоа што тоа ќе ги подобри снабдувањето и дистрибуцијата на електричната енергија. Воспоставувањето на таков сектор има најдобра перспектива од аспект на работни места помеѓу сите технологии за снабдување со енергија.
 
Користењето на повеќе обновливи извори на енергија за производство на топлина исто така е добра опција, како што се соларни термални системи, биомаса и топлински пумпи. Воспоставувањето на соларен термален сектор може да отвори 500 работни места во 2030 година.
 
Сè на сè, околу 6.000 зелени работни места може да се очекуваат во 2030 година со реализација на мерки за енергетска ефикасност во згради и нискојаглеродно снабдување со енергија (обновливи извори и гас).
 
Оваа анализа е направена како дел од документот „Национални придонеси за климатски промени“, во соработка на Министерството за животна средина и просторно планирање, со Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен