Новости и соопштенија


ИСТОРИСКА РАБОТИЛНИЦА ВО БОН: Презентирани македонските искуства во справувањето со климатските промени


(21 мај 2016) На историска работилница во Бон, д-р Теодора Обрадовиќ Грнчаровска од Министерството за животна средина и просторно планирање имаше исклучителна можност да презентира неколку “први” искуствa на Македонија поврзани со климатски промени вклучувајќи:

  • подготовката на Првиот двогодишен ревидиран извештај за климатски промени  (BUR);
  • искуство да се биде една од првите држави во развој која помина низ процес на прва техничка анализа на првите двогодишни извештаи, како прв чекор на процесот за меѓународни консултации и анализи на Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC)
  • прва работилница за презентирање на искуствата од техничката анализа во рамките на процесот за меѓународни консултации и анализи.


Повеќе информации: http://unfccc6.meta-fusion.com/bonn_may_2016/events/2016-05-21-09-05/the-former-yugoslav-republic-of-macedonia





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен