Воедно, веб-страницата ќе ги прикажува во реално време Твитер разговорите за COP 22 на глобално ниво. Таа ќе собира и визуелизира твитови, ќе ги покажува највеќе споделуваните твитови, клучните трендови и корисни анализи.
Во 2015 година, на Конференцијата на ОН за климатските промени во Париз (COP 21) оваа платформа привлече повеќе од 1,2 милиони посетители и анализираше повеќе од 3,5 милиони твитови.
Сите детали и комплет за инсталација графичка контрола се достапни на www.climatetalkslive.org.
Белешка за уредниците
Секретаријатот на ОН за климатски бара Ваша помош во подигање на глобалната свест за COP 22. Можете да ни помогнете со вградување на графичка контрола на климатските преговори на ОН на вашата веб-страница за да им дадете на Вашите читателите пристап до глобалните разговори на социјалните медиуми на COP 22 во реално време.