Новости и соопштенија


Разговори за климатските промени на ОН во живо


Секретаријатот на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC) објави нова платформа со цел да им овозможи на набљудувачите да ги следат на социјалните медиуми клучните делови околу Конференцијата на ОН за климатските промени во Маракеш, Мароко (COP 22, 07-18 ноември). Бесплатната платформа е достапна на www.climatetalkslive.org и може да се вгради на веб-сајтови на медиуми, блогери и сите заинтересирани организации. Платформата, наречена Разговори за климатските промени на ОН во живо, изработена во соработка со КПМГ, ќе оди во живо на 7 ноември и ќе обезбеди информации до крајот на конференција на 18-ти ноември.

Воедно, веб-страницата ќе ги прикажува во реално време Твитер разговорите за COP 22 на глобално ниво. Таа ќе собира и визуелизира твитови, ќе ги покажува највеќе споделуваните твитови, клучните трендови и корисни анализи.

Во 2015 година, на Конференцијата на ОН за климатските промени во Париз (COP 21) оваа платформа привлече повеќе од 1,2 милиони посетители и анализираше повеќе од 3,5 милиони твитови.

Сите детали и комплет за инсталација графичка контрола се достапни на www.climatetalkslive.org.

Белешка за уредниците
Секретаријатот на ОН за климатски бара Ваша помош во подигање на глобалната свест за COP 22. Можете да ни помогнете со вградување на графичка контрола на климатските преговори на ОН на вашата веб-страница за да им дадете на Вашите читателите пристап до глобалните разговори на социјалните медиуми на COP 22 во реално време.





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен