Новости и соопштенија


GrowApp: направи анимација за климатските промени, дома во својот двор


Ново лансираната GrowApp апликација, им овозможува на луѓето да направат анимации на дрва, градини и предели, со преземање на слики од нивните смарт телефони. Апликацијата директно ги трансформира овие слики во еден краток филмски формат (time lapse movie), покажувајќи ги промените во текот на годишните времиња, па дури и во текот на годините. Додека се забавуваат правејќи анимација во дворот на својот дом, корисниците им помагаат на научниците за подобро да се разберат влијанијата на климатските промени врз животната средина.

Почетокот и времетраењето на сезоната за одгледување на земјоделски култури во Европа, значително е под зголемено влијание на растечките температури и зголемувањето од 1.5 °C степени Целзиусови, во однос на пред-индустриските вредности. Овој заклучок може да се донесе врз основа на анализа на стотици илјади набљудувања на процеси на расцут, формирање на лисна маса и промена на боја на листови, направена од страна на волонтери од цела Европа. На пример, расцутувањето на 17 пролетни растенија во Европа, е напреднато со просек од цели две недели, во спордба со 1982 година. Во плилог на овие таканаречени фенолошки набљудувања, сателитски се следат и промените на зеленилото на земјината покривка. Сепак, до сега претставува предизвик да се поврзат набљудувањата на терен со оние сателитските набљудувања. Идеално, процесите на појава на листови и лисна маса, промена на бојата на листовите и опаѓањето листовите на одредени видови, се набљувудува во континуитет. Овие набљудувања одземаат доста време на повеќето волонтери, кои поради тоа, само го евидентираат датумот на појавувањето на првиот лист или крајот на промената на бојата на листот.

 

Визуализирајте ги сезонските промени

GrowApp (www.growapp.today) апликацијата нуди нова можност за лесно следење на сезонските промени на индивидуалните растенија, дрвја, градини, како и цели предели во текот на неколку недели, месеци или дури со години. Луѓето се охрабруваат се почесто да прават фотографии, користејќи ја апликацијата. Со нов и иновативен начин за “smartphone” фотографирање, се генерира таканаречена “time lapse” анимација како кратко видео кое визуелно ги покажува промените во животната средина. Таквите промени, често не ги забележуваме. За да се овозможи убава анимација и за да се овозможи анализа на промената на зеленило, GrowApp помага да поставите нова фотографија, токму на ист начин како и за претходната фотографија. Апликацијата го покажува местото каде што е направена првата фотографија од анимацијата и првата фотографија е транспарентна во позадината,  додека со правењето на нова фотографија се овозможува оптимално комбинирање. Aжурираната анимација е достапна на www.GrowApp.today. Со додавање на хаштагови, може да се направи селекција на анимации. 

 

Заедничко правење на анимации

Секое лице кое има инсталирано GrowApp, може да додаде нови фотографии и да ја започне својата сопствена анимација. Секој може да додаде слики на постоечка анимација, доколку тој/таа се наоѓа на таа локација. На овој начин ќе биде можно почесто да додадете слики на анимацијата која помага за изработка на анализа и интерпретација на промените на зеленило, отсликани во анимацијата.

 

Децата од училиште практикуваат наука

GrowApp е инструмент за т.н. наука од граѓаните (citizen science), кој е развиен во контекст на “GLOBE” програмата, заедно со платформата за вести за природата Nature Today.com”, Универзитетот Вагенинген и “Geodan”. GLOBE е меѓународна програма за едукација, која им овозможува на учениците и на јавноста да имаат можност за учество во собирањето на податоци и научните процеси, како и придонес кон разбирањето на земјиниот систем и глобалната животна средина. GrowApp е придружена од едукативни материјали (едноставни и напредни задачи) кои може да се користат од страна на наставниците и децата. На овој начин, вклучувањето во вистинска наука станува многу лесно. Научниците ќе обезбеди редовни повратни информации до училиштата, за сезонските промени што се случуваат. GLOBE координаторите во 16 европски земји, го потврдија својот придонес за овој проект (информации за контакт се додадени подолу).   

 

Европски зелен бран: шест видови

Во обид да се усогласат забелешките и да им се овозможи широко Европска споредба на сезонските промени, се бара посебно внимание за шест видови: даб, леска, бука, бреза, вишна и ситнолисна липа.

Ако луѓето ширум Европа, учествуваат со користење на апликацијата, ќе се добие еден визуелен зелен бран, од југ кон северот на Европа. Покрај тоа, сликите од GrowApp, додаваат една нова димензија на проучување на влијанието на климатските промени врз нашата животна средина. Покрај вредноста за науката, анимациите овозможуваат нови начини на визуелизација и комуникација на сезонската динамика и промените кое се одвиваат во нашата најблиска средина.

Сатeлитски податоци се вклучени во GrowApp со детални информации за тоа кога започнува сезоната за растење, без разлика дали постои тренд за повеќе или помалку раситетлна биомаса во таа област, како и соодветната температура измерена претходниот ден.

GrowApp моментално е достапен само за Android. Верзија за iPhone ќе биде претставена за неколку недели.   

 

Белешка за уредниците:

За повеќе информации контактирајте ги:

  • Dr. Arnold van Vliet, Wageningen University, email: arnold.vanvliet@wur.nl, tel: +31(0)317-485091
  • Matthijs Begheyn, GLOBE, email: matthijs@globenederland.nl, tel:  +31(0)6-14819095
  • Or any of the national contact persons in the list below (to be added to the international press release).

 

Дополнителни линкови:

  • Website GrowApp: http://www.growapp.today/
  • Website Nature Today: https://www.naturetoday.com/intl/en/observations/growapp
  • Website GLOBE European Phenology Campaign: https://www.globe.gov/web/european-phenology-campaign/overview/
  • Phenological changes in Europe: http://www.eea.europa.eu/data-and-maps/indicators/plant-phenology-2/assessment
  • European temperature change: http://www.eea.europa.eu/data-and-maps/indicators/global-and-european-temperature-3/assessment

 

Видови кои се дел од GrowApp кампањата, нивното име на англиски јазик, научното име  и хаштагот за додавање на слики со GrowApp:

Pedunculate oak (Quercus robur), #oak

Common hazel (Corylus avellana), #hazel

Common beech (Fagus sylvatica), #beech

Silver birch (Betula pendula), #birch

Sour cherry (Prunus cerasus), #cherry

Small-leaved lime (Tilia cordata), #lime





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен