Република Македонија
 


Република Македонија е земја со вкупна површина од 25 713 км2, опкружена е со копно и е лоцирана во средината на Балканскиот  Полуостров во јужна Европа. Има разновидна топографија со високи планини и длабоки долини опкружени со планини, реки, големи и мали природни езера и бањи. Земјиштето што се користи за земјоделски цели опфаќа речиси 50% од површината на земјата, а шумите покриваат речиси една третина. Земјата е поделена на четири речни сливови и има три големи природни езера. Македонија е „жешка точка“ за биолошката разновидност во Европа - во неа се евидентирани преку 16 000 видови, од кои 854 ендемични видови. Осум од деветте биоми на Балканскиот Полуостров можат да се најдат во земјата. 

И покрај релативно малата површина на Република Македонија, земјата има и разновидна клима и има осум климатски региони. Со исклучок на 2011 година, шесте последни години (2007-2012) биле меѓу десетте најтопли години во периодот помеѓу 1951 и 2012, и речиси во секоја година по 1987 година евидентирани се топлотни бранови. Во Македонија постојат два основни режими на врнежи: медитерански и континентален. Деловите со најмногу врнежи се планинските делови во западна Македонија; најсувите делови од земјата се Овче Поле, Тиквеш и околината на Градско. 

Според последниот попис од 2002 година, Македонија има население од 2 022 547 жители, со просечна густина од 78,7 жители на квадратен километар. Просечното домаќинство имало 3,58 членови во 2002, што е помалку од бројот на членови (4,68) во 1971 година, и во моментов постои тренд на стареење на населението. Во 2007 година очекуваното траење на живот при раѓање изнесувал 73,54 години (76 за жените и 71 година за мажите), додека очекуваното траење на живот коригирано со годините поради болест (DALYѕ) било 63 години. Наталитетот во 2005 година бил 11,04 на 1000 жители додека стапката на смртност била 9 на 1000 жители, што е резултат на природниот прираст на населението за 2 на 1000 жители. Хроничните заболувања претставуваат најголем товар на јавното здравство и високоприоритетни здравствено-еколошки прашања се пристапот до безбедна вода за пиење во руралните области, пристап до санитарни услови, управувањето со отпадот и отпадните води, управувањето со хемикалиите и пестицидите, како и квалитетот на воздухот. 

Република Македонија стана независна држава на 8 септември 1991 година, по распадот на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, и доби кандидатски статус за членство во Европската Унија (ЕУ) во декември 2005 година. Политичкиот систем е парламентарна демократија. Како мала земја, Република Македонија има релативно отворена економија каде што увозот и извозот на стоки учествуваат со повеќе од 90% од БДП. Согласно податоците од Државниот завод за статистика, додадената вредност во секторот земјоделство и прехранбената индустрија претставува 11,5% од БДП на земјата и овозможува вработување на 21,7% од работната сила. Согласно последните податоци објавени од Државниот завод за статистика, БДП % во 2012 година се намали за 0,4. Во 2011 година стапката на невработеност била 31,4%.

Република Македонија е страна на „Рамковната конвенција на ОН за климатски промени“ (UNFCCC) како земја која не припаѓа во Анекс 1 и е страна на „Протоколот од Кјото“ без квантифицирани цели за ограничување и намалување на емисиите (QELRC). Сепак, земјата има пристапено кон „Записот од Копенхаген“ (Copenhagen Accord) и има доставено листа на неквантифицирани активности за ублажување на климатските промени. „Првиот национален извештај за климатските промени“ (FNC) и „Вториот национален план за климатските промени“(SNC) беа усвоени од Владата на Република Македонија и доставени до Секретаријатот на UNFCCC во 2003 и 2008 година. Покрај ова, во следните две години ќе се подготви и Првиот двегодишен ажуриран извештај. 

Во однос на одговорните институции за климатските промени, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) е водечка владина институција одговорна за изработување на политиките за климатските промени, а од тоа министерство се и националниот координатор кон UNFCCC, и назначениот национален орган (DNA) за спроведување на „Протоколот од Кјото“. Во рамките на МЖСПП е формирана Проектна канцеларија за климатски промени, а најголем дел од останатите надлежни министерства имаат назначено лица за контакт за климатските промени, кои се одговорни за воведување на климатските промени во односните политики, стратегии и програми. На најшироко ниво, Владата го формираше Националниот комитет за климатски промени (НККП) и тој се состои од претставници на сите релевантни засегнати страни: владини органи, академските организации, приватниот сектор и граѓанското општество. Прашањата за климатските промени се вградени во законодавството во Законот за животна средина кој во детали го предвидува подготвувањето на инвентарите за емисии на стакленички гасови (член 188) и на „Акцискиот план за ублажување на климатските промени“. 

Развоен приоритет за Република Македонија е пристапувањето кон Европската Унија. Земјата веќе ги има започнато процесите за усогласување со обврските на ЕУ кон UNFCCC и релевантните делови од законодавството на ЕУ. Република Македонија во моментов нема никаква обврска да стане дел од системот за тргување со емисии на ЕУ, но тоа може да го стори доброволно. Националните приоритети се исто така одразени и во „Националната стратегија за одржлив развој“ (2010) и во „Вториот еколошки акциски план“ (2006)



Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен