Климата се менува! Прилагоди сe!- Денови на Акции за климата, 11-22 ноември 2013г.


Како одговор на предизвикот за справување и адаптирање кон климатските промени, давајќи подршка на 19-от состанок на Страните на Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени (COP 19), кој се одржуваше во  Варшава  од 11-22 ноември 2013 г., Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за развој на Обедиинетите Нации (УНДП), спроведоа кампања насловена „Климата се менува! Прилагоди се!- Денови на акции за климата, 11-22 ноември 2013 г“.

Целта беше да се сврти вниманието на јавноста, на институциите, медиумите и сите локални и национални чинители одговорни во справувањето со климатските промени, на потребата од остварување на силна соработка и координација во постигнување на единствената цел за намалување на влијанијата и ранливоста од климатските промени во државата и постигнување на обврските спрема меѓународната заедница.

Тргнувајќи од ставот дека зголемување на знаењето за климатските промени може да биде двигател и за индустријата и за потрошувачите да го променат начинот на работа/живот со што ќе го намалат емитувањето на стакленичките гасови, како и дека иднината лежи во проактивен, меѓусекторски развој кој ќе се поттикне со поголемо знаење за климатски промени, нивното влијание и можностите за адаптација, во рамките на кампањата реализиравме низ настани, гостувања на медиуми и слични активности.

Кампањата е во согласност со стратегијата за комуникација за климатски промени, изработена во рамките на проектот „Трет национален извештај за климатски промени“, која служи како основа за пренесување на информациите за потребните активности до клучните чинители во државата.

Во тек на дванаесет дена од траењето на кампањата се опфатија следните теми:

  • Македонија - обврски и исполнувања на Рамковната Конвенција на ОН за  климатски промени и Протоколот од Кјото;
  • Министерството за животна средина и просторно планирaње како национален координатор на активностите на сите национални чинители во справувањето со и адаптацијата кон климатските промани;
  • Учество на македонска делегација на Состанокот на страните на Рамковната  Конвенција на ОН за климатски промени во Варшава; 
  • Влијанието на климатските промени врз секторот туризам;
  • Влијанието на климатските промени врз секторот здравство;
  • Влијанието на климатските промени врз секторот земјоделство;
  • Влијание на климатските промени врз секторот шумарство;
  • Влијанието на климатските промени врз културното наследство;
  • Сценарија за идни промени на климата во  Р. Македонија;
  • УНДП како најстар партнер на РМ во креирање на политики за климатските промени
  • Каде сме и каде одиме (Можности за намалување на емисиите на стакленички гасови);
  • Позитивната страна на  климатските промени-можности за нивно искористување (воведување на нови технологии, знаење и иновации);
  • Климатските промени тематска инспирација за уметничко  изразување.


Гостуваа авторитети од МЖСПП, Програмата за развој на Обединетите Нации, претставници на академскиот сектор - МАНУ, претставници на релевантни владини институции - Министерство за здравство, Управа за хидрометеоролошки работи, Национална установа Стоби, но и интернационални консултанти и режисерката на филмот “
После дождот.


Формите преку кои се обработија темите се комбинација на класични и иновативни начини за презентирање на темата:

  1. Брифинг со новинари – Брифирани беа министерот за животна средина и просторно планирње, Абдилаќим Адеми, национално одговорно лице кон UNFCCC, Теодора Обрадовиќ Грнчарова, раководител на програмата за животна средина и енергија на УНДП, Анита Коџоман.
  2. Серијал од прилози и гостувања во периодот од 11 до 22 ноември во утринска програма на националната телевизија на македонски јазик МТВ- Прв програмски сервис,
  3. Гостување на министерот Адеми во утринска програма на Алсат ТВ ( за албанската популација)
  4. Получасовно гостување на министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми и национално одговорно лице кон УНФЦЦЦ, Теодора Обрадовиќ Грнчарова во контактна емисија во ударен термин (МТВ, Ова е Македонија , 17:45 )
  5. Гостување на министерот Адеми во попладневните вести на МТВ-Втор програмски сервис, албанска редакција;
  6. Получасовно гостување во контактна програма на националното македонско радио  претставник на УНДП и на МЖСПП
  7. Информации во текот на целата кампања објавува беа објавувани од печатените медиуми и порталите


Исто така одржани се :

  1. Тркалезна маса „Влијанието на климатските промени на секторот туризам и можности за адаптација“
  2. Обука на претставници на институции кои работат на заштита на културното наследство: “Проценка на ранливоста на културното наследство во однос на  климатските промени”
  3. Промоција на Извештајот за влијанието на климатските промени врз културното  наследство
  4. Премиерно прикажување на  документарниот филм „После дождот“ на тема климатски промени, во рамките на филмскиот фестивал Cinedays. Филмот се изработи во вид на сведоштва на четири жени кои во секојдневниот живот обезбедуваат егзистенција со земјоделство и секоја на свој начин се справува и адаптира кон климатските промени. На настанот се покани публика со широк спектар на интереси: претставници на сите чинители засегнати од климатските промени, филмска публика, а филмот е примен и на филмскиот фестивал во Венеција. Како автор и режисер на филмот не случајно е одбрана реномираната македонска режисерка Билјана Гарванлиев, чие име е позната на македонската и на меѓународната јавност што дополнително го зголеми интересот на јавноста и за фимот и за темата.


Граѓанството беше опфатено со доделување на билети преку организирање на наградно јавување во утринските емисии на МТВ за време на прилозите за климатски промени и преку наградно јавување на националното радио „Канал77“.


Информации во најава и како завршен настан редовно се доставуваа до медиумите, а се објавуваа и на веб-страницата на МЖСПП
- www.moepp.gov.mk и на www.klimatskipromeni.mk, изработена во рамки на проектот Трет национален извештај за климатски промени.


Активностите се реализираа преку Секторот за комуникација во МЖСПП, во соработка со УНДП и проектот Трет национален извештај за климатски промени и предизвикаа видно забележан интерес во јавноста. Гледаноста на утринската програма на МТВ се зголеми, на јавните настани имаше голем одзив. Интересот не стивнува ни по официјалното завршување на кампањата, се уште излегуваат натписи во медиумите за некоја од темите. 


Програма и медија план на кампањата

Патоказ за новинари во темата Климатски промени


 


      




Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен