Настани

 

TEDxBASSalon Настан: “Климатски Промени : Што ќе остави оваа генерација зад себе?”

» 08.10.2015

Настанот е организиран од страна на SmartUp-создавањето на видливо од утре во соработка со Бизнис академија Смилевски - БАС Програмата за Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Регионален центар за социјални иновации - Скопје и Фондацијата за развој на младите и вмрежување. Повеќе »


Тековни активности за климатски промени и следни чекори за Патот кон Париз 2015

» 12.12.2014

Резултатите од Првиот двогодишен ревидиран извештај за климатски промени и планираните активности во однос на можниот придонес на државата кон Конференцијата за климатски промени во 2015г. беа презентирани за прв пат пред Националниот комитет за климатски промени. Повеќе »


Одржана работилница на тема: Систем за мониторирање, известување и верификација на мерките за ублажување на климатските промени

» 30.09.2014

Денес во просториите на Era City, Скопски саем беше организирана работилница на која за прв пат беше презентиран предлог Системот за мониторирање, известување и верификација на мерките за ублажување на климатските промени. Имено, Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), континуирано работат на подготовка на стратешки документи т.н. Национални планови и Двогодишни ажурирани извештаи за климатски промени, со кои се зголемува подготвеноста на државата за справување со предизвиците од климатските промени. Повеќе »


Презентирани резултатите од анализите за потенцијалот за ублажување на климатските промени

» 24.09.2014

Проценката и запознавањето со потенцијалот за ублажување на климатските промени беа во фокусот на работилницата на тема Резултати од анализата за ублажување на климатски промени која, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП, се одржа денес во просториите на МАНУ, како дел од проектот Трет национален извештај кон Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени. Повеќе »


Одржана работилница на тема: Родов аспект на климатските промени

» 24.09.2014

Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), континуирано работат на подготовка на стратешки документи т.н. Национални планови и Двогодишни ажурирани извештаи за климатски промени, со кои се зголемува подготвеноста на нашата држава да се справи со предизвиците од климатските промени. Повеќе »

Следна



Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен