Настани


Одржана работилница на тема: Систем за мониторирање, известување и верификација на мерките за ублажување на климатските промени


Денес во просториите на Era City, Скопски саем беше организирана работилница на која за прв пат беше презентиран предлог Системот за мониторирање, известување и верификација на мерките за ублажување на климатските промени. Имено, Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), континуирано работат на подготовка на стратешки документи т.н. Национални планови и Двогодишни ажурирани извештаи за климатски промени, со кои се зголемува подготвеноста на државата за справување со предизвиците од климатските промени.

Оваа проблематика за прв пат се анализира во нашата држава, во рамките на проектотПрв Двогодишен ревидиран извештај за климатски промени(FBUR), финансиран од Глобалниот фонд за животна средина(GEF). Осврт кон Систем за следење, известување и верификација на ублажување на климатските промени, од меѓународен и национален аспект, причини за негово воведување и значење беа предложени од страна г-ѓа Теодора Обрадовиќ Грнчаровска (од Министерството за животна средина и просторно планирање) и г-ѓа Анита Коџоман (УНДП). Тимот на консултанти, г-дин Станислав Колар и г-дин Методија Димовски презентираа нацрт - систем за следење, известување и верификација на ублажување на климатските промени, и сегашните институционални аранжмани во смисла на намалување на климатските промени. Наташа Марковска (МАНУ) ги презентираше резултатите и препораките за сите сектори, со цел ублажување на климатските промени во земјата. Преку дискусија и интерактивна работа, учесниците на работилницата се согласија дека оваа проблематика има потреба од поголема вклученост од сите засегнати страни. Учесниците го прифатија предлог Системот за мониторирање, известување и верификација на мерките за ублажување на климатските промени и истакнаа дека адекватното знаење, креирање и поголема достапност на базите со податоци како и поголема вклученост на Националниот комитет за климатски промени се клучни за да може успешно да се реализира овој предлог Систем. Презентација-pdf Концептуална рамка за набљудување, известување и потврдување (MRV) на акциите за ублажување на климатските промени во Македонија.





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен