Настани


Презентирани резултатите од анализите за потенцијалот за ублажување на климатските промени


Проценката и запознавањето со потенцијалот за ублажување на климатските промени беа во фокусот на работилницата на тема Резултати од анализата за ублажување на климатски промени која, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП, се одржа денес во просториите на МАНУ, како дел од проектот Трет национален извештај кон Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени.

Презентираните резултати од анализите се однесуваат на сценаријатата заублажување на климатските промени на национално ниво,какоина економските импликацииод воведувањетона можни ограничувања на емисии на стакленички гасови во клучните сектори: енергетика, енергетска ефикасност, транспорт, земјоделство и отпад. Посебен осврт беше даден на можната промена на статусот на државата на меѓународно и на ниво на ЕУ и можните ограничувања на националните емисии на стакленички гасови. Работилницата ја отвори државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, д-р Соња Лепиткова: - Целта на денешната работилница е запознавање на сите страни со потенцијалот за ублажување на климатските промени и вградување на тие сценарија во развојните стратегиски и плански документи восекторите кои имаат ваков потенцијал. Треба да се нагласи и дека наодите на оваа студија треба да имаат индикативенкарактер, да се покаже "каде сме и каде да одиме" во врска со ублажување на климатските промени. Со оглед на динамиката на релевантните случувања на национално и на меѓународно ниво, како и високото ниво на несигурност поврзани со UNFCCC процесите и пристапувањето кон ЕУ, на ова треба се гледа како на градење на аналитичките капацитети во земјата за генерирање солидна основа за добро информирање и правење мудра политика и за осмислување на националната позиција во меѓународните и европските преговарачките процеси. Свои излагања на работилницата имаа повеќе реномирани експерти и консултанти од земјава и од странство. Презентираните анализи, заедно со останатите компоненти на Националниот извештај, ќе бидат предмет на Владина процедура за усвојување, која е планирана до крајот на 2013 г. Прeзентациите од настанот се достапни на следните линкови: -Краток опис на Третиот Национален извештај за климатски промени - Аналитичка работа на сценаријата за ублажување на климатските промени - Ублажување на климатските промени преку мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови од секторот Енергетика - Ублажување на климатските промени преку мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови од секторот Земјоделство - Ублажување на климатските промени преку мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови од секторот Транспорт -Ублажување на климатските промени преку мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови од секторотОтпад - Анализа на можни ограничувања на нивотостакленички гасови во Република Македонија - Говор на тема Анализа на можни ограничувања на нивото на стакленички гасови во р. Македонија - Проф. Невен Дуиќ





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен