Третиот Национален Извештај кон Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени, пропишува мерки за намалување на стакленичките гасови и ублажување на климатските промени, кои покрај другото вклучуваат и проекти за изградба на објекти и капацитети кои влегуваат во Прилог I од Уредбата за определување на проектите и за критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапката за оцена на влијанијата врз животната средина („Сл. весник на РМ“ бр.74/05, 109/09, 164/12)-Проекти за кои задолжително се врши оцена на влијанијата врз животната средина. Одлуката за спроведување на Стратегиска оценка на влијанијата (МЖСПП) за Третиот Национален Извештај кон Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени може да се превземе тука.

Потенцијалните влијанија врз животната средина може да потекнуваат од имплементација на мерките и активностите за намалување на стакленичките гасови, преку имплементација на конкретни проекти и активности за секој сектор поединечно. Имплементација на проектните активности, според предвидените сценарија, ќе допринесат за намалување на стакленичките гасови на национално ниво и ублажување на климатските промени, но од друга страна, во зависност од изборот и сензитивноста на локацијата каде истатите ќе биде имплементирани, може да допринесат за нарушување на квалитетот и состојбата на медиумите и областите од животната средина.

Очекувани позитивни влијанија:

Намалувањето на стакленичките гасови, кои потекнуваат од клучните сектори, идентификувани како најголеми извори на стакленички гасови, ќе допринесат за директно или индиректно подобрување на состојбата на квалитетот на воздухот, здравјето на населението, биолошката разновидност, водниот потенцијал, квалитетот на почвата, начинот на управување со отпад, културното наследство, управувањето со отпад, земјоделието и шумарството и сл. Покрај подобрување на состојбата во медиумите и областите од животната средина мерките за ублажување на климатските промени ќе допринесат за подобрување на социо-економската состојба во државата  која ќе се одрази преку зголемена понуда за работа, нови вработувања, подобра бизнис клима и сл.

Очекувани негативни влијанија:

Во зависност од изборот на сценаријата, кои ќе допринесат за намалување на стакленичките гасови и  климатските промени и нивната имплементација изразена преку конкретни проекти, во зависност од локацијата и сензитивноста на истата, може да предизвикаат негативни влијанија врз здравјето на населението, да го засегнат населението од социо-економски аспект изразен преку зафаќање или загуба на земјиште или забрана на спроведување на некои земјоделски пракси, нарушување на состојбата и квалитетотот на водите, почвата, биолошката разновидност, природното и културното наследство, материјалните добра, да го зголемат нивото на бучава во животната средина, да генерираат опасен и неопасен отпад, да го зголемат сообраќајот по сообраќајниците, да го зголемат ризикот од несреќи и хаварии, да влијаат врз развојот на туризмот, да предизвикаат прекугранични влијанија и сл.

Документи



  • Интензивирано финансирање на активностите во областа на климатските промени
  • Проект Овозможување на Република Македонија да го подготви Првиот национален извештај како обврска кон Рамковната конвенција на ОН за климатски промени
  • Проект Овозможувачки активности за подготовка на Вториот национален извештај на Македонија кон UNFCCC
  • Климатски сценарија за Македонија - извештај
  • Климатски сценарија за Македонија - резиме
  • Евалуација на потребите од технологии за намалување на емисиите на стакленички гасови во енергетскиот сектор
  • Директива 2003/87/EC можности и препораки за имплементација во Република Македонија
  • Предлог за измена на сегашното законодавство
  • Eвалуација на потреби од технологии
  • Изработка на инвентар на стакленички гасови за Вториот национален извештај кон Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени Извештај за инвентарот на стакленички гасови Резиме Конечна верзија
  • Стратегија за адаптација на здравствениот сектор кон климатските промени во Република Македонија (документот е достапен само во англиска верзија)
  • Комуникациска стратегија и акциски план за климатски промени
  • Стратегиска оценка за животна средина за Трет национален план за климатски промени
  • Национални придонеси кон климатските промени
  • ННационaлни придонеси кон климатските промени – аналитички документ
  • Nacionalen Podnesok



  • Loading








    Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


    Испрати


    Пораки

    Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

    Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

    Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

    Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

    Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

    Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

    Последно видео

    Билтен

    Претплатете се на нашиот билтен