Методологија 

 

Инвентарот на стакленички гасови беше подготвен следејќи ги Упатствата на IPCC од 2006 година и користејќи го софтверот за инвентари на IPCC (IPCC Inventory Software, верзија 2.17.6170.18196 од 22 ноември 2016 год., достапна во моментот на изработка на инвентарот). Согласно Упатствата од 2006, проценетите емисии и понори на стакленички гасови се поделени во следните пет сектори:

  • Енергетика
  • Индустриски процеси и користење на производи (ИПКП
  • Земјоделство, шумарство и други употреби на земјиштето (ЗШДУЗ)
  • Отпад
  • Други (на пр., индиректни емисии од таложење на азот од не-земјоделски извори)

Секој сектор се состои од поединечни категории и поткатегории, па така националниот инвентар е развиен на ниво на поткатегории.

Според упатствата на IPCC методите за пресметка се поделени на три нивоа (Tiers):

  • Метод 1 (Tier 1) е т.н. „стандарден метод“, кој е наједноставен и вообичаено се користи кога нема одредени емисиони фактори на национално ниво (специфични за земјата);
  • Метод 2 (Tier 2) ја користити истата процедура како и Метод 1, но вклучува емисиони фактори и параметарски податоци за активности кои се специфични за земјата или барем за еден од регионите во земјата и
  • Метод 3 (Tier 3) е резервиран за методите посебно развиени за земјата (модели, пописи и други).

При изработката на Македонскиот национален инвентар, беше применет Метод 2 (Tier 2) за емисионите фактори за CO2 лигнит, мазут и природен гас кај активностите при кои се согорува гориво во секорот Енергетика. Методот 2 (Tier 2)  исто така беше користен во секторот Индустриски процеси и користење на производи за емисионите фактори за производстов на цемент во Минералната индустрија и за производство на железо и челик и феролегури во Металната индустрија. Сектор Отпад е уште еден секотор во кој беше применет Метод 2 (Tier 2), преку методот FOD на IPCC и земјаќи ги предвид податоците за активност при одлагањето на отпад на депониите за цврст отпад специфични на земјата и историските податоци за БДП и население. За другите сектори беше користен стандардниот метод, Метод 1.

За да се олесни збирното известување за вредностите на стакленичките гасови, изразени како еквиваленти на јаглерод диоксид (CO2-eq), согласно Одлуката 17/CP8 (анг. Decision 17/CP.8) се користеа факторите за потенцијалот на глобално затоплување (GWP) увоени во Вториот извештај за оценка (анг. Second Assessment ReportSAR) на IPCC (за период од 100 години) презентирани во Табела 1 .

 

Табела 1. Вредности на факторите за потенцијалот на глобално затоплување (GWP) користени при изработката на инвентарот на стакленички гасови (за период од 100 години)

Гас

Еквивалент на CO2

CO2

1

CH4

21

N2O

310

HFC-125

2.800

HFC-143a

3.800

HFC-134a

1.300

HFC-32

650

HFC-227ea

2.900

CF4

6.500

C2F6

9.200



Извор: IPCC Second Assessment Report (SAR), 1996









Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен