База на податоци за националните емисии на стакленички гасови

Инвентарот на стакленички гасови вклучува податоци за национални емисии на стакленички гасови за периодот од 1990г. – 2014г. Kако основна, одбрана е 2000-та година  (oсновната година обично се зема како репер за одредување на целите за намалување на емисии за стакленички гасови).
Земени се предвид шест стакленички гасови, одредени со Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени: CO2, CH4, N2O, HFC, PFC, и SF6Освен за нив, обезбедени се и информации за неколку индиректни стакленички гасови - CO, NOx, SOx и NMVOC. Ова ќе помогне во известувањето за емисии на стакленичките гасови до EMEP и CORINAIR и ќе овозможи стекнување на појасна претстава за целосното загадување во државата. Детален приказ на националните емисии на стакленички гасови за периодот од 1990 до 2014 г. ќе биде достапен во скоро време...



ВЛЕЗ ВО БАЗАТА


 



Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен