Препораки за идното подобрување на квалитетот на податоци потребни за подготовка на инвентари на стакленички гасови на РМ

Енергетскиот сектор

Следниве препораки се дадени за да се подобри методологијата и точноста на калкулациите на емисиите на транспортот:

Патен сообраќај  - емисиони фактори специфични за типот на гориво кое се користи и технологијата на согорување. Дополнителна препорака за подобрена методологија е воспоставување на детален електронски регистер на возила каде истите се детерминирани по видот на горивото, специфичната ЕУРО класификација, просечната потрошувачка и годишниот просек на поминати километри по возило.
Железничкиот транспорт - емисиони фактори специфични за типот на гориво кое се користи и технологијата на согорување. Дополнителна препорака е формирање на база на податоци за просечниот број на превезени километри по тип на локомотива,  типот и спецификацијата на погонското гориво како и технологијата на согорување. 
Домашен воздухопловен превоз – Министерството за животна средина и просторно планирање и АД М-НАВ (Македонска Навигација) во рамките на овој проект воспоставија договор за соработка и континуирана размена на податоци, со што се овозможи формирање на детална податочна база за воздушниот сообраќај на РМ. Основањето на оваа база на податоци овозможи повисока методологија (Tier 2) за пресметка на емисиите од воздушниот сообраќај. Оваа соработка треба да биде одржлива и континуирана и по завршувањето на Третиот Национален Извештај кој УНФЦЦЦ со цел одржување на подобената методологија и податочната база за калкулација на емисиите на стакленички гасови од подсекторот авијација. 

Индустриски процеси и растворувачи 

Клучот за успешна изработка на инвентарот на стакленички гасови од  секторот индустрија е да се обезбедат квалитетни и релевантни податоци. Со цел да се воспостави одржлив начин на собирање на податоци потребни за овој сектор, важно е да се развие транспарентен, споредлив, кохерентен и целосен национален систем за мерење, известување и верификација на емисиите на стакленички гасови.
Системот на известување треба да биде:
- сеопфатен, флексибилен, транспарентен и што е најважно управуван од национален ентитет со цел да  одговори на националните околности;
- да се воспостави во постојните институции преку ефикасна употреба на веќе постоечките вработени и интегрирање на нови вработени доколку е неопходно за одржување на капацитетите
- подобрена соработка со индустрискиот секор и можно поврзување со националните системи и капацитети кои се предвидени да бидат надлежни за спроведувањето на Европската Шема за Тргување со Емисии (имајќи предвид дека во земјата моментално има тековни проекти за воведување на овој механизам на ЕУ)
- овој систем мора да биде во согласност со насоките и препораките на IPCC (Меѓувладиниот панел за Климатски Промени)
- овој систем мора содржи ефективни решенија во сите фази и структурни нивоа
- овој систем треба да биде мултифункционален односно да ги задоволува потребите за податоци преку една централизирана алатка за собирање на податоци за известување по различни конвенции (CORINAR, PRTR);
- да има широка употреба и да дава можност за развој на нови алатки за известување. Во рамките на овој проект беше развиена онлајн софтверска алатка за собирање на податоци за секторот Индустриски Процеси (ЕМИ – софтвер за рапортирање на емисии), како централизирана алатка за собирање на податоци директно од индустриите. Овие податоци треба да се користат за подигање на методологијата за пресметка на емисиите на повисоко ниво. 
- Возможно вклучување на емисиите на стакленички гасови во апликациите за интегрирани  А и Б еколошки дозволи за инсталациите. Тоа може да биде предмет на посебен проект за обука на одговорните лица во индустрискиот сектор за поребните податоци и методологиите за пресметка на стакленички гасови. 
 
Земјоделството

Tier 2 методологија се препорачува за проценка на емисиите на метан предизвикани од етеричната ферментација за оние земји со голем број на добиток. Tier 2 методологијата бара многу подетални информации за сточарството (сегрегирани по најмалку 3 подкатеории). Со користење на овие подетални информации ке се развијат попрецизни проценки на емисиите од сточарството. 
Структурата на култури, користењето на земјиштето и земјоделски менаџмент (животински отпад, количините на минерални ѓубрива кои се применуваат итн) се неопходни податоци потребни за подобрена методологија за калкулација на емисиите од секторот Земјоделство.  Воспоставување на систем за собирање на овие податоци е возможно доколку се воспостави регистар на фарми и интегрирана администрација и контролен систем (ИАКС), кој ќе претставува еден софистициран и точен систем за собирање на сите овие податоци во една база на податоци.
Исто така е нопходно развивање на систем за контрола на видот, типот и изностот на ѓубрива кои се користат во овој сектор.
Добра практика е исто терироријата на РМ да се подели во повеке почвени региони, според веке дефинираните 8 климатски региони. Производството на земјоделски приизводи исто така е пожелно да се подели во 8 стратешки плански региони, со цел да се добие попрецизна слика за емисиите на стакленички гасови од секој регион.

Шумарство
Во овој сектор, емисиите се доаѓа од мал број на потсектори. Овој факт оди во полза на примена на повисоко ниво на методологија за калкулација на емисиите на стакленички гасови. Сепак, во РМ многу ограничени податоци за секторот Шумарство се достапни во овој момент, со што имплементација на методологија со поголема точност е практично невозможно. 
За да се развие повисока методологија за пресметување на емисиите од сектоот Шумарство потребно е да се развие база која ке ги содржи следните податоци: област под шуми, резерви, густина, годишен прираст, видови дрвја, комерцијална и бесправната сеча, пожари и други нарушувања, поплави, како и земјишна конверзија во шумите, обработливо земјиште, пасишта и населби. За досегашните калкулации се користени податоците и проценките од ЈП "Македонски шуми", Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Инспекторатот за шумарство,  Дирекцијата за Управување со Кризи и ЈП "Македонски пасишта".
Како препорака за подобрени калкулации на емисиите од секторот Шумарство е користење на Колку што е можно, користете IDRISI Selva софтвер, револуционерна алатка за интегрирано моделирање на животната средина која вклушува моделирање со помош на  Earth Trends Modeler (ETM) и Land Change Modeler (LCM)  за земјишна промена со вклучување на анализи и предвидувања.  Исто така препорака е да се користи 2006 CORINE карта на земјината покривка на Македонија.

Отпад
         Бидејќи историски и сегашни податоци за годишно количество на отпад не може да се добијат од официјални извори, освен од депонијата Дрисла, дополнителни мерки треба да се преземат за подобрување на капацитетите за известување и за собирање на податоци. За да може да се примени повисока методологија за калкулација на емисиите од секторот отпад, потребно е да се изработи студија за квантитетот и квалитетот на отпадот, која вклучува анализа и на просечниот состав на отпадот (барем во неколку рурални и урбани општини). Спроведување на подетална анализа на системите за отпадни води во сите региони исто така би придонела за подобрена методологија за калкулација на емисиите од секторот Отпад. За песметка на N2O и CH4 емисиите треба да се примени моделот за ракување со атмосферска дисперзија. Варијабли кои треба да се вметнат  во моделот за ракување со атмосферска дисперзија се стапката на ветер, брзината, правецот и атмосферска стабилност.

Како препорака за подобрени калкулации на емисиите од секторот Шумарство е користење на Колку што е можно, користете IDRISI Selva софтвер, револуционерна алатка за интегрирано моделирање на животната средина која вклушува моделирање со помош на  Earth Trends Modeler (ETM) и Land Change Modeler (LCM)  за земјишна промена со вклучување на анализи и предвидувања.  Исто така препорака е да се ​​користи 2006 CORINE карта на земјината покривка на Македонија.

Отпад

Бидејќи историски и сегашни податоци за годишно количество на отпад не може да се добијат од официјални извори, освен од депонијата Дрисла, дополнителни мерки треба да се преземат за подобрување на капацитетите за известување и за собирање на податоци. За да може да се примени повисока методологија за калкулација на емисиите од секторот отпад, потребно е да се изработи студија за квантитетот и квалитетот на отпадот, која вклучува анализа и на просечниот состав на отпадот (барем во неколку рурални и урбани општини). Спроведување на подетална анализа на системите за отпадни води во сите региони исто така би придонела за подобрена методологија за калкулација на емисиите од секторот Отпад. За песметка на N2O и CH4 емисиите треба да се примени моделот за ракување со атмосферска дисперзија. Варијабли кои треба да се вметнат  во моделот за ракување со атмосферска дисперзија се стапката на ветер, брзината, правецот и атмосферска стабилност.

Loading

Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати

Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен