Глобална мапа - Анекс I

За изработка на карти со емисии на стакленички гасови се набави AERMOD софтверот за моделирање атмосферска дисперзија (http://www.breeze-software.com/aermod) кој вклучува:

• Стабилен дисперзионен модел дизајниран за краток опсег (до 50 километри) на емисии загадувачи на воздухот од стационарни индустриски извори.

• Податоци од метеоролошка препроцесорска алатка (AERMET) која ги зема метеоролошките податоци, горните воздушни струења, и по можност, податоците од мерни станици. Таа потоа пресметува атмосферски параметри потребни од страна на моделот, како што атмосферски турбуленции, мешање височини, брзина на триење, Monin-Obukov должина и површина на топлински флукс.

• 3D аналитичар е моќна пост-процесорска алатка која овозможува да се анализираат и да се визуелизираат податоци во временски серии и да се визуелизира пресекот / соединување на повеќе сетови на податоци. Таа е корисна за анализа на метеоролошки податоци, податоците за теренот и концентрација на загадувачите (стакленичките гасови).  Компатибилен е со Google Earth. AERMOD го нуди најкомплетниот систем за моделирање кна валитетот на воздухот достапен на пазарот денес. Ниту една друга апликација не се користи повеќе за квалитет на воздухот од професионалци во целиот свет. Моделот може да се користи за симулирање на влијанието на емисиите од различни постројки за енергија, индустриски објекти, депонии, објекти за опасен отпад, како и пречистителни станици (ПСОВ).

Може да се користи во енергетски и индустриски сектор за да даде јасна слика на емисиите на стакленички гасови од стационарните извори на загадување, како и дисперзија на емисиите (имисии) во атмосферата. Покрај тоа, може да се користи за дисперзија моделирање на CH4 емисиите во секторот отпад, бидејќи депониите од комунален цврст отпад испуштаат големи количини на метан може да се квантифицираат ослободените емисии на метан од депониите, па да се предвиди дисперзија на концентрации преку пософистицирани моделирање.









Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен