Проценка на ранливоста кон климатските промени на здравствениот сектор


Во рамките на Третиот национален план за климатски промени е направена проценка на ранливоста кон климатските промени на здравствениот сектор во Македонија.
Во периодот 2025-2100 се очекува континуирано зголемување на температурите во земјава особено во потоплите периоди од годината. Летата ќе бидат топли со екстремно високи температури. Југоисточниот регион исто така се карактеризира со подложност на климатски екстреми како поплоави и суши. Овие настани ги имаат следниве влијанија во здравствениот сектор:

-      Влијанија врз здравјето како резултат на поплави и суши;

-      Влијанија од топлотни бранови (кардио-васкуларни и респираторни проблеми);

-      Алергии;

-      Преносливи болести преку храна и вода;

-      Вектор-преносливи болести

Извештајот може да го симнете на следниот линк (документот е достапен само во англиска верзија):

Ранливост и адаптација во секторот здравство (en)

Во прилог на извештајот, погледнете ги предложените методологии и проценки:

Преглед на достапни методологии и алатки за проценка на ранливоста кон климатските промени врз здравјето и практични примери кои можат да бидат применети во државата (pdf) (документот е достапен само во англиска верзија)

Брза проценка на капацитетите на националните институции кои се одговорни за здравствена заштита и управување во однос на климатските промени и адаптацијата кон климатските промени (pdf) (документот е достапен само во англиска верзија)

Брза проценка на моменталната состојба на здравствениот сектор во Република Македонија во контекст на климатските промени (pdf) (документот е достапен само во англиска верзија)








Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен