Намалување на ризици од катастрофи и климатски промени

Ранливоста на локалното население во однос на одредени природни непогоди и природни катастрофи се зголемува кога е под влијание на одредени социо - економски фактори.                                                              

Социо-економскиот статус влијае на способноста на поединците и заедницата да ги апсорбира загубите од опасностите. Општо земено, лицата со ниски примања и оние кои живеат во сиромаштија се повеќе ранливи од природните катастрофи отколку богатите и тоа на различни начини и од различни причини. Сиромашните луѓе имаат помалку пари да трошат на превентивни мерки, итни резерви, и напори за обнова. Тие обично живеаат во полоши станбени услови, не го осигуруваат својот имот и слично, а доколку  претрпат штети од природна непогода, поради ниските примања не можат да ги санираат последиците. Во случај ако треба брза евакуација, лицата кои немаат сопствен автомобил се со помала веројатност да се евакуираат. Понатаму постои поголема веројатност, лицата со ниски примања да страдаат од емоционален стрес и други психолошки пшоследици по катастрофа заради економски загуби, поради фактот дека тешко може да го надокнадат изгубеното. Гледано по региони, Југоисточниот регион во Република Македонија има најниска стапка на невработеност, но и скоро најниска просечни плата. Со цел да се намали ризикот од катастрофи и климатски промени  во Југоисточниот плански регион (еден од најранливите региони во државата во однос на климатските промени), направена е  социо - економската проценка на ранливоста на населението во десет општини во Регионот во однос на ризиците од катастрофи и климатски промени.

Извештајот се состои од три дела:




Презентација ранливост при екстремни настани





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен