Влијание на климатските промени врз водните ресурси


 

 

Климатските промени се глобална појава, но ефектите се чувствуваат на локално ниво. Водните ресурси се еден од најкритичните фактори за развојот на човештвото и економијата, бидејќи водата е есенцијална за функционирањето на секое живо суштество, растенијата, земјоделското производство и за многу индустриски процеси. Поврзаноста меѓу климатските промени, човештвото и водните ресурси, меѓу другото, е условена од разликите во климатските услови на различни делови од земјината топка, од социјалните и економските капацитети за справување и од јавните политики. Степенот на ранливост и капацитетот да се справат со ризиците од климатските промени варираат кај различните човечки популации и интересни групи. Многу самоуправи вложуваат напори во правење планови кои ги тангираат ефектите од климатските промени врз водните ресурси. Иако многу од овие напори вклучуваат процеси кои вообичаено се користат при  планирање на употребата на земјиштето, некои од елементите кои се однесуваат на климатските промени, како проценување на ранливоста и разгледување и усвојување на стратегиите за адаптација, се нови и за нив се потребни модерни типови на податоци и алатки.  

Методологија, Алатки и Индикатори извештајот (PDF) е достапен само во англиска верзија

Во рамките на Третата национална комуникација кон УНФЦЦЦ е направена проценка на ранливоста кон климатските промени на водните ресурси во југо-источниот дел на Македонија.

Секторот водни ресурси е мултидимензионален и не е ограничен само на неговата физичка мерливост туку во себе ги вклучува и квалитативните, еколошките и социо-економските димензии. Недостатокот на вода е дефиниран како точка во која здруженото влијание на повеќето корисници врз доставата и квалитетот на вода е до таа мера да побарувачката во повеќе сектори не може да се задоволи.  Република Македонија се соочува со проблем на недостаток на вода.

Извештајот може да го симнете на следниот линк (документот е достапен само во англиска верзија):
Ранливост и адаптација на секторот водни ресурси (еn)

Примената на принципите на зелената економија треба да резултира со намалување на ризикот од катастрофи и прилагодување на климатските промени. При ова сите сектори на општествената заедница треба да се анализираат преку влијанијата на природните системи и социјалните структури. Во практична смисла, зелената економија инвестира во еколошките ресурси со цел да се постигнат стабилни климатски услови, стабилна биолошка разновидност и чиста вода и чист воздух. Хидролошкиот циклус на глобално и на локално ниво е сериозно нарушен, а последиците најчесто недоволно дефинирани. Ова особено се однесува на урбаните речни сливови. Се чини забораваме дека водните тела, реките и езерата, и нивните екосистеми се еднакво ранливи како и човекот. Имено, урбанизацијата на речните сливови доведува до фундаментално различен карактер во споредба со оние во шумски и неурбанизирани средини. Со урбанизацијата се зголемуваат непропустливите површини со што се менува состојбата на речниот екосистем, а степенот на пораст на таквите површини може да биде показател за предвидување на тоа колку големи можат да бидат разликите. Зголемената застапеност на бетонската и асфалтна инфраструктура и намалувањето на зелената инфраструктура, доведува до нарушување на климатските услови и модификација на површинското и подземното истекување. 

Целиот документ може да го превземете на следниов линк:
Градовите, реките и климатските промени.pdf





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен