ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ


Иднината ќе донесе потопли лета и помалку врнежи. Неочекуваното невреме и град ќе станат почести појави.

Колку силно во текот на наредните декади ќе влијаат овие климатски промени врз приносот од земјоделството и квалитетот на храната во Југо-источниот регион од нашата земја?

Како предвидените промени во температурата и врнежите ќе влиајат врз достапноста на водата за одржување на интензивно земјоделство во тој регион?



За да се даде одговор на овие и други прашања, во рамките на Третиот Национален извештај за климатски промени, за прв пат беше направена интегрирана меѓусекторска проценка на ранливоста и адаптацијата за сите сектори, земајќи ги предвид релациите меѓу секторите: водени ресурси, земјоделство, здравство и намалување на ризикот од катастрофи во Југо-Источниот плански регион.


Во секторот земјоделство беше воведен нов и иновативен пристап за био-физичко моделирање и беа идентификувани економски најисплатливи мерки за пченка и сончоглед... Дознајте повеќе од Проценката на ранливоста на секторот земјоделство од климатските промени, направена во рамките на Третиот национален извештај или од оваа презентација.




Сценарија за производство на сончоглед




Без примена на мерки за адаптација



 


Со примена на неколку мерки за адаптација во

 

2025



2050






Адаптацијата на климатските промени повеќе не е избор, тоа е неизбежен предизвик со кој се соочуваме.


ЛОЗАРСТВОТО И  КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Лозарството е еден од најважните сектори од земјоделството во Македонија бидејќи виното е важен производ кој се извезува.  Лозарството и производството на вино сочинуваат 17-20% од БДП од земјоделството. Виното, по тутунот е најважниот производ кој е поврзан со извозот на земјоделски производи од земјата.  Најголем дел од лозјата се лоцирани во Вардарскиот и во Источниот плански регион.  Култивираните сорти и генералниот стил на виното што се произведува во регионот е директен резултат на просечните климатски услови, додека променливоста во климата ги определува разликите во квалитетот на виното од посебни години.  Промените во климата кои влијаат и врз променливоста и врз просечните услови имаат потенцијал да влијаат врз растот, составот на грозјето, стилот на виното и просторната распределба на лозјата.  Без мерки за адаптација кои можат да ги ублажат промените кои ги предизвикуваат климатските влијанија, многу од регионите каде се одгледуваат квалитетни грозја ќе се преориентираат на други видови на земјоделско производство.  За Третиот национален план направени се голем број симулации врз основа на климатските модели со цел да се оцени ранливоста и потенцијалните мерки за адаптација кон климатските промени за лозарството. Целосниот извештај може да се превземе тука .




Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен