Ублажување на климатските промени - сектор Транспорт

 

Транспортниот сектор прогресивно стигна на врвот на агендата за ублажување на климатските промени во Европа, како и во другите делови од светот. Во 2005 година, 23% од светските емисии на стакленички гасови доаѓаат од овој сектор, а учеството на земјите од OECD (Организација за економска соработка и развој) изнесува 30%.

Во нашата држава, според Втората национална комуникација за климатските промени, во периодот 1990-2002 година, секторот транспорт учествува со 7% во вкупните емисии на стакленички гасови, а во 2009 година учествува со 10%. Зголемените емисии на стакленички гасови во овој сектор се резултат на зголемување на бројот на возилата, иако истиот е се уште скромен во споредба со развиените земји. Секторот транспорт предводи во однос на останатите неенергетски сектори и може да послужи како пилот сектор за оценка на потенцијалот за ублажување на климатските промени.

Главната цел на оваа студија е да се изврши сеопфатна оценка на потенцијалот за ублажување на климатските промени на секторот транспорт со примена на пристап од долу – нагоре, како и да се оценат соодветните опции за ублажување имајќи ја предвид нивната еколошка   (обем на намалување на емисиите на стакленички гасови) и економска  (специфичен трошок на намалувањето) ефективност. Покрај ова, спроведен е партиципаторен процес со цел да се одразат спецификите на земјата при приоретизирање на стратегиите за ублажување во овој сектор.

Имајќи ја предвид спроведената анализа и приоретизацијата со партиципаторен пристап, оваа студија е прв чекор за изработка на соодветни национални мерки за ублажување (NAMAs) во транспортниот сектор. Во следната фаза треба да се изработат механизми за мерење, известување и проверка (MRV) на идентификуваните активности за ублажување на климатските промени. Резултатите ќе придонесат за носење на мудри и добро-информирани политики за транспортниот сектор кои ќе ги одразуваат и заложбите за ублажување на климатските промени.




ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО СЕКТОРОТ ТРАНСПОРТ  (pdf)

Главните резултати од овој извештај се презентирани во форма на инфографик преку кој, важноста за преземање на неопходните мерки за редукција на стакленички гасови во транспортниот сектор и бенефитите се прикажани на, за јавноста, поразбирлив начин.

 
 



Мобилна апликација „Патувај Зелено“ [INFOGRAPHIC]

Мобилната апликација „Патувај Зелено“ им ги обезбедува на патниците сите потребни информации, за да можат да го испланираат најбрзиот, најевтиниот и најеколошки пат до нивната посакувана дестинација во градот Скопје, како и податоци за проток на сообраќајот, метеж и емисиите на CO2.
Инсталирајте ја апликацијата: ОВДЕ
Патувај зелено - INFOGRAPHIC (pdf)







Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен