Климатските промени и заштита на културното наследство

Иако најчесто се испушта од други оценки на влијанија, студии на ранливост или од приоритетите во политиките, културното наследство исто така ќе претрпи влијанија од промената во климата. Додека другите сектори можат да се адаптираат, ефектите од климатските промени врз културното наследство, се очекува да предизвикаат (доколку не се преземат превентивни активности) непоправливи последици, па дури и исчезнување.  Брзите промени во температурите (дневни или сезонски) или зголемувањата во циклусите на влажно / суво и мрзнење / топење ќе предизвикаат не само влошување на состојбата на фасадите и на ѕидните слики, или само внатрешни оштетувања на циглите, каменот и керамиката (Сабиони и соработници, 2006 година), туку во најлош случај можат да доведат до пукнатини и скршеници во градежните елементи кои ја загрозуваат стабилноста на спомениците.


Во рамките на Третиот Национален Извештај за климатски промени беше извршена Проценка на ранливоста на културното наследство од климатските промени во Републиката (за прв пат) од страна на Институтот за управување со наследството - IHM.

Документот може да го превземете тука.


Беа анализирани три локалитети:Аквадуктот Скопје, археолошкиот локалитет Стоби и археолошкиот локалитет Плаошник во Охрид.

Аквадуктот во Скопје е лоциран на падините на рид надвор од Скопје, на средно висок терен и мала река поминува низ локалитетот
Се очекува климатските промени главно да влијаат врз статиката на Аквадуктот и да имаат силно влијание врз структурниот интегритет 



на  споменикот. Се предвидува дека Аквадуктот ќе се оштети поради многу значајни последици предизвиканиод климатските промени, како што се зголемениот број на денови на мрзнење/топење, пообилните врнежи и поплави како и флуктуациите во заситеноста на почвата со вода.

 Археолошкиот локалитет Стоби е сместен на пониски предели се до најнискиот дел на долината (котлината) во близина на устието на две поголеми реки Вардар и Црна, и овие две реки редовно ја поплавуваат околината, што влијаело на локалитетот уште од античко време


 

Колку поголемброј на денови со температури околу 0°C ,  зголемени количини дожд и непредвидливи  пополави ќе влијаат на структурната стабилност на археолошките остатоци како и градбените материјали. Сивецот како најзначаен материјал за градење во Римскиот период е најранлив на климатските промени вклучително лижење на површинскиот слој и распаѓање на каменот.


Археолошкиот локалитет Плаошник во Охрид, кој е лоциран на високо плато, со стрмни езерски карпи од едната страна и кој е под влијание на природните водени струи. Сепак, локацијата на платото е многу изложена на екстремни временски настани и содржи оштетувања од минатото предизвикани од ветрот и ерозија предизвикана од врнежи. 


Под нормални околности Плаошник не би бил изложен на потенцијални закани од климата. Но, очекуваните климатски промени ќе го започнат процесот на разложување, најповеќе како последица од екстремните дождови. 




Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен