Национални придонеси кон климатските придонеси

Национални придонеси кон климатски промени - финална верзизја (pdf)
Динамичен инфографик:

Национални придонеси кон климатски промени - аналитички документ (pdf)


Страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC) преговараат за нов меѓународен договор за периодот по 2020 година, кој ќе се усвои на меѓународната конференција во Париз, во декември 2015 година.  Како подготовка за преговорите за новиот глобален договор за климатски промени, сите земји во моментов го изработуваат и  утврдуваат сопственииот национален придонес,  за кој во терминологијата за климатски промени е воведен поимот „Intended Nationally Determined Contribution (INDC)”.  Притоа, терминот „Intended” го одразува фактот дека сè уште нема договор за легалниот статус на придонесите и нивната конечна форма, па истите можат да подлежат на ревизија доколку, на пример, идниот договор ги промени претпоставките врз основа на кои земјата го утврдила својот придонес. Понатаму, со терминот „Nationally Determined” се нагласува дека придонесите нема да бидат колективно определени, туку земјите ќе ги утврдуваат смостојно, во согласност со нивните национални околности. Конечно, со терминот „Contribution“ се укажува на придонесот на земјата во остварувањето на глобалната цел за стабилизирање на концентрациите на стакленички гасови (GHG) во атмосферата на ниво кое би спречило опасни антропогени влијанија врз климатскиот систем и пораст на глобалното затоплување за повеќе од 2°С. Тој придонес треба да биде поставен на фер и рампноправни основи согласно можностите и спецификите на секоја земја.

За обезбедување на политичка волја и заложба од сите чинители, придонесите треба да се гледаат како можност за остварување на бројни национални цели, пред сè одржлив развој и премин кон нискојаглеродна економија.


Директниот превод на поимот „Intended Nationally Determined Contribution (INDC)” на македонски јазик не доволно јасно го доловува значењето, па затоа, за потребите на овој документ и за целиот процес воопшто, на македонски јазик ќе се користат терминот „национални придонеси кон ублажувањето на климатските промени“ или само „национални придонеси“ и кратенката „INDC“, а притоа ќе се подразбира сè она што е дадено во описот погоре.


Република Македонија, како Страна на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени (УНФЦЦЦ), е целосно посветена на преговарачкиот процес за постигнување на глобален договор на Конференцијата на страните во Париз во декември 2015, според кој сите Страни ќе дадат свој придонес, поставен на фер и рамноправни основи согласно можностите и спецификите на секоја земја, во остварувањето на глобалната цел за стабилизирање на концентрациите на стакленички гасови  во атмосферата на ниво кое би спречило пораст на глобалното затоплување за повеќе од 2°С.


Република Македонија е земја која не припаѓа во Анексот 1 на Конвенцијата за климатски промени (земја во развој) и досега немала квантифицирани обврски за намалување на емисиите на стакленички гасови. Истовремено, таа има статус на земја кандидат за членство во Европската унија (ЕУ) од каде произлегува барањето за следење на европската политика за клима и енергија, која пак ги следи обврските за земјите кои припаѓаат на Анексот 1. Колку што е можно, Република Македонија на доброволна основа се труди со начинот на известување да ги вгради и двата аспекти во своите национални извештаи за климатски промени.






Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен