Новости и соопштенија


Одржана тркалезна маса за влијанието на климатските промени врз секторот туризам


Првични резултати од оценката на ранливост на секторот туризам од климатските промени, со предлог мерки за адаптација, беа презентирани на тркалезната маса која на тема „Влијание на климатските промени врз секторот туризам и можности за адаптација“, денеска ја организираа Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP).

Извештајот – Влијание на климатските промени на секторот туризам и предлог план за адаптација, што го подготви д-р Петер Брнс, реномиран интернационален консултант од Англија, претставува прво истражување со кое се врши проценка на влијанието на климатските промени врз туризмот во Република Македонија.

 

Македонија има интересна мешавина на туристички производи кои го дефинираат  езерскиот, руралниот, винскиот, планинскиот, културниот и градскиот туризам како посебни категории. Проценките на Брнс, укажуваат дека дел од туризмот во Македонија навистина е соочен со ризикот од климатските промени.

 

На пример, непобитен е фактот дека потоплите зими и пожешките лета ќе влијаат на сите аспекти на туризмот, при што зимскиот туризам ќе биде посебно засегнат со оглед дека е директно зависен од количество на врнежи од снег. Исто така, културниот туризам е соочен со одреден ризик по спомениците од физичкото наследство (стари згради,споменици и археолошки локации) бидејќи променетите временски услови, можните поплави и сл. влијаат на влошување на состојбата на објектите, создаваат потешкотии при конзервацијата и др. Исто така екстремната летна жештина ќе предизвика скратување на екскурзиите на туристите надвор од нивната удобна температурна зона. Од друга страна,  засегнатите структури во секторот туризам полека стануваат свесни за последиците што нивните бизниси можат да ги претрпат заради климатските промени и оттука птоизлегува потребата од предвидување на мерки за ублажување на состојбите или за прилагодување.

 

Но, според, Павлина Здравева, раководител на проектот Трет Национален извештај за климатски промени во чии рамки се изработува  анализата,  климатските промени не треба да се гледаат исклучиво како негативна појава, туку со правилна адаптација и со проширување на знаењето за нивното социо-економско влијание тие можат да станат дури и движечка сила на одржливиот развој.

 

Како особено важно за прилагодување на секторот туризам, во извештајот, Брнс ја посочи свесноста на туристичките работници за постојаните промени на климата, подготвеноста за адаптација „без жалење“ и добрата проценка на адаптивниот капацитет.

 

-Туризмот е сектор кој може да носи големи приходи за една држава, ако добро се менаџира со истиот, ако се најде начин да се избегнат негативностите и ако мудро да се искористат промените што се случуваат- нагласи Брнс.

 

Поттикнување на научно истражување во областа на туризмот; План за туризам од XXI век наместо за масовен туризам од XX век; Олеснување на идните туристички активности напоредно со одржливите правци; Прилагодување преку разновидна туристичка понуда; Спроведување детална проценка на чувствителноста и изложеноста на туристичките добра се дел од препораките адресирани во овој првичен извештај, со кои, ако се применат, ќе се намали ранливоста и туризмот во Република Македонија ќе се направи поодржлив.








Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен