РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ И ПРОТОКОЛОТ ОД КЈОТО


Во текот на 80-те години, заради научните докази за глобалните климатски промени и последиците од нив, се појави зголемена загриженост помеѓу научниците, политичарите и јавноста. Во 1992 година, во Рио де Женеиро беше усвоена Рамковната конвенција за климатски промени (UNFCCC). Согласно со Рамковната конвенција, се поставија бројни обврски за сите земји, главно во врска со изготвувањето и имплементацијата на политики за намалување на емисиите на стакленички гасови. Сепак, одзивот на развиените земји (кои се главните “произведувачи” на стакленички гасови), се покажа недоволен и заради тоа во 1995 година воведен е Берлинскиот мандат, кој воспостави преговарачки процес за поголем ангажман во рамките на Конвенцијата во периодот по 2000 година. Овој процес, конечно, доведе до потпишување на Кјото протоколот (КП) во 1997 година.

На оваа карта (направена од Американскиот институт за светски ресурси, USA World Resources Institute) се претставени разлини региони, не според нивната географска положба туку според емисиите на стакленички гасови. Јасно се гледа дека најголемата одговорност им припаѓа на развиените земји (главно САД, Европа и Јапонија). Овие земји би требало да вложат најголеми напори за редуцирање на емисиите.

Кјото протоколот (КП) претставува мошне важен чекор во ограничувањето на емисиите на шестте стакленички гасови (CO2, CH4, N2O, HFCs, PFCs и SF6), бидејќи за прв пат се специфицирани правни обврски. Согласно со КП развиените земји имаат специфични обврски: во првиот период (2008-2012), тие треба да ги намалат вкупните емисии на стакленики гасови за најмалку 5% во споредба со емисиите од 1990 година. Договорените цели се разликуваат помеѓу развиените земји (САД се обврзале да ги намалат емисиите за 7%, Европската унија (ЕУ) како целина за 8%, Јапонија и Канада за 6%), а истиот принцип важи и за државите-членки на ЕУ во согласност со интерниот договор за распределба на обврските. Неодамна, САД ја повлекоа својата обврска во рамките на КП, предизвикувајќи вознемирување од светски размери. Во 1998 година, за време на Четвртата UNFCCC конференција на страните воспоставен е Акциониот план од Буенос Аирес, со кој е специфициран временскиот распоред за имплементацијата на КП. Согласно со овој план, во Хаг, во ноември 2000 година се одржа Шестата конференција на страните со главна задача да се постигне договор за најважните оперативни прашања од КП. Бидејќи земјите потписники се разидуваа по клучните прашања, до крајот на состанокот не беше постигнат договор. За време на продолжението во Бон, во јули 2001 година (Шеста конференција на страните, продолжение) министрите постигнаа политика согласност за суштинските основи врз кои се темелат оперативните прашања од КП. Овој политички договор веќе е преведен во правен текст за сите флексибилни механизми и за леновите 5, 7 и 8 од КП (известување, мониторинг и преглед). Работата се предвидува да биде завршена на состанокот во октомври 2001 година во Маракеш (Седма конференција на страните). Рамковната конвенција за климатски промени постави низа обврски кон потписниките сметајќи на нивните заедники, но и поединечни одговорности. На својата петта и шеста сесија Конференцијата на страните ги охрабри земјите вклуени во Анекс II на Конвенцијата (т.е. најразвиените земји) во давањето помош на државите чии економии се во транзиција, како и на земјите во развој, при зголемувањето на нивните можности за постигнување на целите на Конвенцијата и нивната подготовка за ефикасно учество во процесот на КП. Интегрираното планирање и имплементацијата на релевантни активности содржат низа акции, како што се развој на национални системи за проценка на емисиите и абсорбциите на стакленички гасови, проекции за еволуција на емисиите и определување / проценка на можни мерки за редукција на емисиите од различни сектори (енергија, индустрија, резиденцијален / терцијален сектор).

Земјите со економија во транзиција, како и земјите во развој при преземањето на такви активности се соочуваат со големи тешкотии, главно заради ограниченото користење на околинско-прифатливи технологии, недостаток на финансиски и човечки ресурси со соодветна експертиза, како и поради отсуство на ефикасни административни структури. Поради тоа итно е потребно создавање капацитети (capacity building) во овие земји.
Како што е познато, животот на планетата Земја е можен поради природниот ефект на стаклена градина. Природното појавување на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина (стакленички гасови), пред сe водена пареа (H2O), јаглерод диоксид (СО2), како и метан (CH4), азотен оксид (N2O) и тропосферски озон (О3), овозможува сончевата енергија да дојде до земјината површина како видлива светлина, за потоа да биде заробена од атмосферата како инфрацрвена топлина. Земјината површина апсорбира најголем дел од зрачењето и се загрева. Инфрацрвеното зрачење се емитира од земјината површина. Овој феномен ја одржува топлината на нашата планета, со што се обезбедува нормално одвивање на физиолошките функции на сите живи организми. Отсуството на стакленичките гасови би ја намалило температурата на нашата планета за околу 33 C, претворајќи ја Земјата во уште една безживотна планета во сончевиот систем.

Р. Македонија го ратификуваше протоколот кон Кјото кон Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени 18.11.2004 година.









Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен