Новости и соопштенија


Промовиран извештајот за влијанието на климатските промени врз културното наследство


(22.11.2013г.) -Поврзувањето на глобалните климатски промени со археолошките и историски структури беше предизвик не само за нашата земја, туку и за поширокиот регион, бидејќи не постојат претходни студии кои вршат проценка на влијанието на климатските промени врз културното наследство – истакна заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, во свото поздравно обраќање на Промоцијата на извештајот за влијанието на климатските промени врз културното наследство, која се одржа денес, во Музејот на град Скопје.

Според него, заштитата на културното наследство стои високо на приоритетната листа, како сведоштво за идентитетот кое го детерминира битисувањето на еден народ, но истовремено  забележливо е дека кај луѓето, полека но сигурно, се менува мислата, перцепцијата и културата на живеење, а со тоа и пристапот во справувањето со климатските промени, што доведува до надградување на капацитетот и зголемување на ефикасноста при делувањето на тоа поле.

 

На настанот говореа и министерката за култура, Елизабета Канчевска Милевска, постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон и заменик на германскиот амбасадорот во Македонија, Ханс Хелге Сандер.

 

Извештајот е изработен од Институтот за управување со културното наследство во Германија со поддршка на Министерството за животна средина, Министерството за култура, Германското друштво за меѓународна соработка и Програмата за развој на Обединетите нации и ќе биде дел од Третиот национален извештај за климатски промени.   Поткрепен со фотографии и краток филм снимен на локалитетите, извештајот го презентираше Мајкл Шмит од Институтот за управување со културното наследство кој е и негов изготвувач заедно со Брита Рудолф.

 

Документот содржи анализа на можните влијанија предизвикани од климатските промени и предлог мерки за адаптација и соодветна заштита на три локалитети: Аквадукт, Стоби и Плаошник. Извештаите за овие локалитети ќе послужат како добра основа за мултиплицирање на методологијата и истражувањето врз останатите културни добра.

 





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен