Новости и соопштенија


„После дождот“ ќе се прикажува на Еколошки Фестивал во Сисаk


На Еколошки Филмски Фестивал кој ќе се одржи во периодот 15-24ти Мај во Сисак, Хрватска ќе се прикаже македонскиот документарен филм за сведоштва за климатските промени „После дождот“.

Филмот прикажува четири жени, на возраст помеѓу 40 и 80 години, кои се занимаваат со земјоделство во Македонија. Жените се од различно потекло, македонско, турско, албанско, и секоја од нив има многу различен став кон својата работа во полето. И покрај нивните бројни разлики во односот, сите четири жени го делат истото небо и сите се соочуваат со истите стравови и предизвици кои доаѓаат со климатските промени. Земјоделството е секторот кој е најранлив од климатските промени. Дождот е главниот мотив на филмот и создава одредена драматична тензија додека сведочиме за проблемите со кои секојдневно се соочуваат овие жени - уништени корења, заболени лисја и растенија, исушени овошки. Сепак, основната порака на овој иновативен документарен филм, доаѓа преку одлучноста на овие жени да ги совладаат предизвиците со кои се соочуваат. И таа порака, која доаѓа директно од устите на оние кои до срж ги познаваат проблемите од климатските промени, е дека оние кои можат да се приспособат ќе ги преживеат климатските промени.

Повеќе...





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен