ЕМИСИОНИ ФАКТОРИ

 

Министерството за животна средина и просторно планирање како институција одговорна за известување, ја согледа важноста на изработка на емисиони фактори специфични за државата.

За прв пат националните емисиони фактори се изработени во март 2013г. за секторите кои највеќе придонесуваат во вкупните емисии на стакленички гасови, како најдобра мерка предложена во „Патоказот за усвојување на национални емисиони фактори и препораки за усогласување на емисионите фактори помеѓу методологиите на UNFCCC  и CORINAIR и насоки за известување.Извештајот за националните емисиони фактори може да се преземе тука.

 Во 2016г. се надградија неколку емисиони фактори специфични за државата, со употреба со пристап од Ниво 1 или Ниво 2, во зависност од достапноста на податоците:

  • Во категоријата согорување на горива од секторот Енергетика, се примени методот од Ниво 2 за емисиони фактори за CO2 и тоа за лигнит, мазут и природен гас.
  • Во секторот Индустриски процеси и користење на производи, исто така се користеше Ниво 2 за утврдување на емисионите фактори во категоријата минерална индустрија (за производство на цемент) и во категоријата метална индустрија (за производство на железо и челик и производство на феролегури).
  • Во секторот Отпад, се користеше метод од Ниво 2, со употреба на методот на Меѓународниот панел за климатски промени за распаѓање од прв ред, како и со употреба на специфични податоци за активноста во земјата во однос на отстранување на отпадот во депониите за цврст отпад и минати податоци за БДП и населението.
  • За други пресметки, се користеше методот од Ниво 1 (стандардниот метод). За употреба на метод од повисоко ниво за проценување на емисиите од прекурсорите и индиректните стакленички гасови од секторот Енергетика, беа потребни детални информации за карактеристиките на горивата кои се користат во комбинација со мерења на самото место или други детални параметри, кои не беа достапни при подготовката на овој Втор двогодишен извештај. Сепак, Извештајот за емисиони фактори за CO2 и не-CO2 за главните сектори, според методологијата на Меѓународниот панел за климатски промени и CORINAIR , во иднина може да се користи за изработка на пресметки од повисоко ниво.


Националните емисиони фактори на Македонија беа исто така прифатени и објавени и од страна на Меѓународната База на Емисиони Фактори на Мегувладниниот Панел за Климатски промени (IPCC EFDB). Во оваа база се објавени 15 национални емисиони фактори специфични за Македонија. До базата може да се пристапи со кликнување на следниот линк и  со впишување на зборот Macedonia во делот за пребарување. 

 

 




Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен