Основната цел на анализата за ублажување на климатските промени е да го процени потенцијалот на Република Македонија за намалување на емисиите на стакленички гасови следејќи ги предвидените развојни патеки на националната економија. Оваа цел се реализира преку идентификација на соодветни мерки/активности/проекти/интервенции во различни сектори - „електроенергетика“, „индустриски енергетски трансформации и греење“, „транспорт“, „отпад“ и „земјоделство“, коишто би се спровеле во периодот 2008-2025 година. Понатаму, во рамките на можностите, се врши процена на еколошката ефективност на мерките за идентификација, изразена преку намаленото количество емисии на стакленички гасови доколку тие се остварат, како и на економската ефективност, со пресметување на цената на намалените емисии на стакленички гасови (САД-долари по тон намален CO2-eq). За повеќето од мерките е утврдена оптималната година на спроведување, користејќи ги барањата за максимално намалување на емисиите и за минимални трошоци како оптимизациски критериуми.Треба да се напомене дека анализата за намалување на емисиите на стакленички гасови беше ограничена поради недостаток на развојни планови во секој од секторите, релевантни податоци (историски и тековни), како и на други релевантни национални студии. Сепак, овој документ е индикативен што се однесува до потенцијалот на земјата за намалување на емисиите на стакленички гасови и треба постојано да се ажурира земајќи ги предвид сите релевантни случувања во националната економија.

Завршниот Извештај за потенцијалот за ублажување на климатските промени може да се превземе тука.



Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен